“Слабо“ паричиња ќе се делат во Лига на шампиони

УЕФА за сезоната 2019/2020 ќе подели 3,25 милијарди евра за Лига на шампиони, Лига Европа и Супер Куп на Европа. Тоа е практично истиот буџет од ланска сезона и толку е сочен што срамота е некој да се побуни.

Европската куќа на фудбалот вели дека 532 милиони евра ќе бидат наменети за организациски трошоци и солидарност.

Најголемата пара како и секогаш оди за најелитното клупско натпреварување каде ќе одат 2.04 милијарди евра. Парите се делат во следниве категории:

Котизација: Секој клуб кој ќе влезе во групна фаза ќе лапне 15,25 милиони евра. Машала.

Фиксни износи: Победа во групна фаза изнесува 2,75 милиони евра, а нерешено 900.000 евра. Пласман во осминафинале 9,5 милиони евра, четвртфинале 10,5, полуфинале 12 и финале 15. Победникот ќе ќари уште 4 милиони евра.

Маркет пул: Клубовите ќе добијат и вкупна сума од 292 милиони евра која се дели во согласност со вредноста на секој национален телевизиски пазар.

Учесниците во Лига Европа следна сезона ќе поделат 560 милиони евра.

Таму пласман во групна фаза е 2,92 милиони евра, победа 570.000 евра, а реми 190.000 евра. За 16 финале плаќаат 500.000 евра, осминафинале е 1,1 милиони евра, четвртфинале 1,5, полуфинале 2,4 и финале 4,5 милиони. Победникот лапа уште 4 милиони, исто како во ЛШ.

Челси и Ливерпул како учесници во Супер Купот на Европа ќе добијат по 3,5 милиони евра, а победникот ќе инкасира уште милионче. Финалето е закажано за 14 август во Истанбул.

Чизмата се смалува

Само за четири години, во периодот меѓу 2014 и 2018 година, италијанското население се намалило за 677.000 луѓе. 

Главни се два фактора: намалениот број на новороденчиња и големиот одлив на луѓе надвор од земјата, особено на млади луѓе. Одат во Германија, Франција, Англија, Белгија. Само лани, земјата ја напуштиле 157.000 луѓе.

На глобалниот список е втора (после Јапонија) по однос на возраста на населението. На 100 млади луѓе имаат 168 постари од 65 години. Според податоците на ОН, Италија е единствената голема европска економија на која населението ќе и се намалува во следните пет години.

„Отворањето врати за имиграцијата можеби е единствена солуција за опстанок на нашите места кои се на пат да исчезнат. Ако ја погледнете историјата на Франција и САД, ќе видите дека дојденците се решение за население ко опаѓа,“ смета професор по економија од универзитет во Милано.

На 81 годишниот Џузепе Ли Пани од сицилијанското село Аквавива му е јасно дека тоа место во догледно време најверојатно ќе го снема. Своевремено селото броело 3.700 луѓе, сега се едвај 800 и тоа главно пензионери кои везден играат карти. Ама се радува штго за октомври им е најавено биење на селските камбани. По кој знае колку време, селото ќе добие ново бебе.

Во жарот на летото со Талианета

Кој е за лесно, вкусно и едноставно решение за 15 – на минути? Веруваме дека повеќе би сакале да побарате сенка или климатизирана просторија после напорниот работен ден отколку да трошите часови на готвење над шпорет. Готвењето препуштете ни го на нас! А исто така и патувањето! Во жарот на летото Талианета ве води на вашата омилена дестинација. Купете било кои 2 Талианета производи – рижото или тестенини, зачувајте ја фискалната сметка, испратете ја на www.talianetta.mk, пополнете го формуларот и очекувајте го вашето патување од соништата. Талианета доделува три патувањa по избор и џепарлак. Играј и добиј! Во жарот на летото со Талианета!

Тестенините и рижотата се одличен брз оброк и се конзумираат како главно јадење или како прилог, а со додавање на едноставни зачини или вкусен сезонски зеленчук, тие стануваат неодоливо гурманско доживување. Освен тоа што имаат неодолив вкус, тие не содржат додадени подобрувачи на вкус, бои и ароми, имаат нов модерен дизајн и со тоа се уште попривлечни. И ова лето, по напорниот ден, вратете им се на познатите тестенини и рижота од Талианета, кои со својот неодолив вкус го мамат секое непце.

Ако повеќе сакате ориз, имаме решение и за вас, пробајте ги 3-те нови вкусови на Талианета рижото и пронајдете го вашиот омилен. Тие се подготвуваат само за неколку минути, а исто така можете да ги подготвите во микробранова печка.

(Комерцијален текст)

Вештачка интелигенција тренирана на стари научни статии дојде до откритија кои луѓето ги промашиле

Во студија објавена во списанието Nature од 3 јули, истражувачи од Националната лабораторија Лоренс Беркли користеле алгоритам наречен Word2Vec, чија задача била да обработува постари научни текстови и да бара врски кои луѓето ги пропуштиле. Откако ја завршил работата, алгоритамот исфрлил предвидување за квалитетни термоелектрични материјали, кои претвораат топлина во енергија и можат да бидат применливи и за греење, и за ладење. Но со оглед на тоа што тој бил хранет со податоци од статии објавени пред 2009, излегува дека предвидувањето го направил четири години пред тие материјали навистина да станат достапни, во 2012.

Алгоритамот притоа не ја знаел дефиницијата на „термоелектрично“. Не добил никаква обука за наука за материјали. Користејќи само вербални асоцијации, тој можел да одреди кои кандидати би биле соодветни како идни термоелектрични материјали, при што некои од нив би биле и подобри од оние кои ги користиме денес.

Предноста на вештачката интелигенција пред обичниот човечки читател е што не само што ги минува поединечните текстови, туку воспоставува и врски помеѓу различните дисциплини, помеѓу наоди од една област со некои во друга. За да го обучат спомнатиот алгоритам истражувачите зеле предвид 3.3 милиони апстракти поврзани со науката за материјали, односно речник од околу 500.000 зборови.

Само врз основа на нив, тој  можел да разбере концепти како периодичен систем и хемиска структура на молекули. Групирал зборови кои често се наоѓале едни до други, на тој начин создавајќи вектори на поврзани термини кои помагаат во дефинирање концепти. Во некои случаи, зборовите биле поврзани со термоелектричните концепти, но никогаш не биле третирани така во апстрактите кои биле земени предвид. Овој јаз во знаењето е тешко забележлив за човечко око, но лесно воочлив за алгоритамско.

Секако, алгоритамот не мора да се однесува само на наука за материјали. Бидејќи не се тренира на специфичен сет на научни податоци, тој може лесно да се применува и во други дисциплини. Работи без надзор и си гради свои врски, па оттаму може да се користи и за медицински истражувања или за откривање нови лекови. Информациите се таму некаде – само не сме ги направиле соодветните врски, затоа што никој не може да ги прочита сите статии на овој свет, дури ни во најтесна област.

Необичен навивачки колорит – убавината на Купот на Африка

После многу дуели на силното сонце во Египет, Африканскиот Куп на нации стигна до полуфиналето каде Тунис, после триумфот над најголемото изненадување на турнирот Мадагаскар (3:0), ќе игра против Сенегал, а Алжир ќе игра против Нигерија.

Ова е прво полуфинале за Тунис после 2004 година.

Полуфиналните дуели се на распоред на 14 јуни.

КОЛОРИТОТ НА КУПОТ НА АФРИКА:

Навивачите на Уганда

Бенин

Алжир

Мароко

Гвинеја

Египет

Див-навивачот на Мали:

Мали:

Брег на Слонова Коска

Бенин

Сенегал

Јужна Африка

ЕгипетДемократска Република Конго

Гана

Бескрајниот шарм на нона Паола

Кога на нона Паола пробуваат по телефон да ѝ увалат соларен панел на кровот:

[media file=”/files/statija/2019/07/12/2203842114070991293581232638260850720243712n.mp4″]

Нона Паола првпат во животот пробува суши (кое она го вика шуши-шуши). Не ѝ се бендисува што тоа јадење е завиткано во црна хартија:

[media file=”/files/statija/2019/07/12/1460526311336148400484691280512214033235968n.mp4″]

Се запозnаваат нона Паола и Сири. Јадна нона Паола, јадна Сири:

[media file=”/files/statija/2019/07/12/10973420102057367362346961240195871n.mp4″]

Внук ѝ сака да се тетовира како татко му. Паола ќе ги убие.

[media file=”/files/statija/2019/07/12/1052141710205232127539794221710895n.mp4″]

Нона Паола вклучила машина за перење алишта. На центрифуга. За да суши пиперки.

[media file=”/files/statija/2019/07/12/2035800915960922770885934221188133040947200n.mp4″]

Кога ќе го изгуби телефонот, Паола тврди дека тоа е дело на ѓаволот. Кога ќе потроши 1 гига интернет, син ѝ тври дека е од порното.

[media file=”/files/statija/2019/07/12/45505784498929807287337107357268818788352n.mp4″]

Итн, итн, итн.