/  Вести  /  Интернет

4чан тргна да им го одмилува хаштагот на Американците

Повикот прв пат е објавен на /pol/ на 4чан (/pol/ се однесува на „politically incorrect“) и во него се бара знакот за хаштаг „#“ да почне да се користи како свастика во мемињата и општо на социјалните медиуми. Кампањата ја тераат под насловот „Bash the Hash,“ изваден од анти-фашистичкиот термин „Bash the Fash,“, а крајната […]

Повикот прв пат е објавен на /pol/ на 4чан (/pol/ се однесува на „politically incorrect“) и во него се бара знакот за хаштаг „#“ да почне да се користи како свастика во мемињата и општо на социјалните медиуми.

Кампањата ја тераат под насловот „Bash the Hash,“ изваден од анти-фашистичкиот термин „Bash the Fash,“, а крајната цел е да се натераат масовни сервиси како Твитер, Фејсбук, Инстаграм, да престанат да го користат хаштагот.

Троловите ова го гледаат како „вин-вин“ ситуација бидејќи „или Твитер ќе мора да прифати очигледен нацизам на својот сајт или ќе треба да најде ефикасен систем за отстранување на еден од централните механизми на сајтот.“

[tweet:https://twitter.com/DefsUr/status/1132455803024281600]

Бонусот што го очекуваат од ова е што „корпорациите ќе бидат присилени да престанат да ставаат хаштаг на секоја можна реклама“.

Кампањата се тера со обратна психологија, па наместо крајниве десни да шират „ова е наше лого“ и слично, Твитер сметки кои се претставуваат како крајно-леви и Антифа, шират дека хаштагот е нацистички симбол и слични варијанти на темата (дека всушност симболот е составен од две Х и е кратенка за Хеил Хитлер).

[tweet:https://twitter.com/Matthinator1337/status/1132209817014153222]

Во една од претходните кампањи 4чан успеа да увери народ дека ОК (Вегета знакот) всушност е таен симбол на расистите.

Речник

Најчитани