Бегство ВО затвор

Екс обвинителот Квон Јонг, исцрепен од 100 часовната работна недела го прашал својот пријател кој бил главен на јужнокорејските затвори дали може да му отстапи сосема регуларна кеија на неколку дена за да биде раат. Откако учтиво му било кажано дека не оди тоа така, Квон Јанг сепак не се откажал од идејата. Дал отказ […]

На патиштата се гине од поспаност

Има родители кои во моменти на очај прибегнуваат кон кратко возење со кола за да заспијат дете. Меѓутоа, истиот процес кој ќе го заспие бебето, функционира и кај возачот.  Понекогаш е доволно само 15 минути нежни автомобилски вибрации да ја намалат шоферската будност и аналогно на тоа да предизвикаат поспаност, велат научниците барајќи од производителите […]

Што ќар од годишен одмор?

За разлика од одмор, претерана работа може да доведе до здравствени проблеми, па така луѓето кои работат повеќе од 55 часа неделно е 33% поверојатно да имаат мозочен удар, и 13% поголем ризик од срцев напад отколку оние кои работат по 35 до 40 часа неделно. Самото претерување со прекувремена работа не значи и задолжително […]

Западна нога веќе да не стапне на Монт Еверест

„Меѓутоа по речиси еден век експедиции на Еверест, 288 смртни случаи и повеќе тони ѓубре кое скапува на падините на планината, дали може веќе еднаш да се стави крај на овие суетни проекти на Западњаците?“ пишува Сајмон Паркер во Телеграф. И самиот Паркер едно време е со намера да го искачи Еверест, но брзо се […]

Туристи, одете си дома!

Демосот на Сан-Себастијан, Рим и Дубровник летово се дига на нозе порачувајќи дека им е доста од ордите туристи кои го уништуваат нивниот секојдневен начин на живот. Емоциите на локалците, дополнително загреани од топлотните удари на Луцифер, доведоа до анти-туристички протести во некои од најпопуларните европски дестинации. Сфаќајќи го проблемот, Светската туристичка организација го брани […]

Ексклузивно крстарење со СВОЗ

Патниците на луксузниот брод „Морска принцеза“ минале цели 10 дена во темница и штама, со изгасени или пригушени светла, спуштени завеси и забрана за активности на палубите откако нивниот капетан проценил дека се наоѓаат во опасни води во кои има пирати. Бродот бил комплетно опремен за такви ситуации, со водени црева и сонични бомби од […]

Имате несоница? А која е смислата на вашиот живот?

Димензијата на проблемот со несоницата е фрапантен ако се замисли дека во САД, околу 50 милиони луѓе секоја вечер се вртат во кревет, бројат овци, нозете им се ладни или перницата им е претопла. И тие 50 милиони напатени лица, такви ненаспани, утредента ќе излезат на улица, ќе возат коли и ќе одат на работа. […]

Не се фрлаат фото-бисери пред фејсбук-свињи

Локалниот совет на селото Бергун кое се наоѓа на пристојни 25 километри од првите ски патеки и на еден час од монденските Сент Мориц и Давос, изгласа забрана за фотографирање во селото и неговата околина чие прекршување ќе носи казна од симболични 4 евра.  „Научно е докажано дека прекрасните фотографии од нечии одмори ги прават […]

Децата летоска треба да се досаѓаат

Летни кампови, курсеви, извидници, што ли… постојат бројни опции со кои може да се исполни времето на најголемиот училишен одмор за на детето да му биде „забавно а корисно“. Заебете вие тоа. Задача на родителот не е постојано да наоѓа за своето најмило начини како да му биде забавно. Задача му е да го подготви […]

Губењето време е добро за вас

Во денешниот забрзан ритам на живеење, многумина имаат проблем барем за момент да се тргнат од своите монитори и да најдат време за нешто поинакво, како прошетка, читање книга или највеличенствениот луксуз на денешницата- дремката. Дури и кога ќе успеат во тоа, имаат чувство дека во меѓувреме нешто пропуштиле па ги мава подсвесна грижа на […]