Што е сè измислено во новиот „документарец“ на Скорсезе за Дилан?

Во 1975 Дилан собира група пријатели – Ален Гинзберг, Џоан Баез, Џони Мичел и куп други – и тргнува на турнеја под име „Ролинг тандер ривју“, која вклучува помали сали во исти такви американски градови, за музичарите да бидат „поблиску до народот“. Во текот на концертите и патувањата го снима четиричасовниот филм „Реналдо и Клара“ […]

„Товар 200“ (Русија, 2007)

Пет години по почетокот и скоро исто толку до крајот на Советско-Авганистанската војна. Од регрутираните 100.000 советски војници, дома во поцинкувани сандаци се враќаат 14.500. Телата се пренесуваат со воздушен транспорт, под кодно име „Товар 200“, кое најверојатно потекнува од наредба број 200 издадена од страна на Министерството за одбрана на СССР од октомври 1984. Истоимениот филм […]

„Диригентката“: приказната за првата жена диригент на симфониски оркестар

Антонија Луиза Брико, родена 1902 во Ротердам, како мала била посвоена од родители кои мигрирале во САД кога таа имала шест години. Во 1919, кога се запишала на Универзитетот Беркли за да студира уметност, веќе била успешна пијанистка, и имала искуство со диригирање. Во 1927 успеала да влезе на Берлинската државна музичка академија, и по две […]

„Професорот и лудакот“ (2019)

Вистинската приказна е толку интересна што спаѓа во оние, додуша и не толку ретките, од типот „животот ја надминува фикцијата“. Вилијам Честер Мајнор (Шон Пен), пензиониран воен хирург, по траумите од Американската граѓанска војна, го губи умот. При посета на Британија, гонет од параноја, убива човек за кого мисли дека му провалил во собата. Судот […]

„Смалување“ (Downsizing, 2017)

Почнува како сатирична, научно-фантастична комедија, за револуционерен метод на смалување на животни и луѓе, од метар и кусур на околу 13 сантиметри, во име на одржлив развој и екологија. Но тој станува популарен поради сосема други причини: ако во светот на големите си имал просечни примања, истите тие во светот на малите вредат милиони. Ако […]

„По животот“ (Нетфликс, 2019)

Тони е тазе вдовец, огорчен од прераното заминување на неговата сакана сопруга Лиза. Ги минува деновите гледајќи ги видео пораките кои таа му ги има снимено, со единственото друштво кое му преостанува – кучката Бренди. Песот е истовремено и единствената причина зошто тој е сè уште жив, иако брутално настроен кон секој човечки примерок кој ќе […]

„Медена земја“ (Honeyland, 2019)

Селото Бекирлија, сместено во југозападниот дел на Овче поле, во 1900-та година имало 270 жители. Според последниот попис од 2002, таму живееле само пет души. На фотографиите од селото, пак, кои можат да се најдат на интернет, нема жив човек. Сув предел, по некоја самоникната грмушка и разрушени куќи низ чии процепи фучи зимскиот ветер, […]

„Матрјошка“ (Russian Doll, 2019)

* текстот содржи делумни спојлери Црвенокосата Надја го слави својот 36-ти роденден во стан на пријателка, со луѓе кои изгледа дека не ѝ значат многу. Дури ни забавата во нејзина чест не ѝ прави голем впечаток. Но работите се менуваат кога, откако ќе ја напушти забавата во потрага по мачорот Оутмил, ќе ја згази кола, за потоа […]

Вистинската приказна за жената која фалсификувала писма на познати писатели

Ли Израел ja почнала кариерата како хонорарен новинар во 1960-тите, а еден од нејзините први текстови бил профил на Кетрин Хепбрн со која имала и лична комуникација. Следните две децении се посветила на пишување биографии, меѓу кои и онаа на славната Есте Лаудер. Книгата се нашла на листата на најпродавани на Њујорк Тајмс меѓу другото и поради […]

„Го викав Морган“ (Нетфликс, 2018)

На 18 години почнал да свири со Биг Бенд-от на Дизи Гилеспи, често за свои години безобразно наметнувајќи се со својот музички стил. Свирел на легендарниот албум „Блу трејн“ на Џон Колтрејн од 1957. Бил дел од супер-групата „Џез месинџерс“, предводена од тапанарот Арт Блеки, која се смета за креатор и најголем промотор на поджанрот […]