„Оренда“ од Џозеф Бојден

Дали суровата уметност може да биде истовремено и убава? Дали историски роман кој зборува за премрежја во кои секако има победници и победени, виновни и за ништо истребени, може да одржи баланс помеѓу сите деликатно поставени ликови, така за и кога приказната ќе заврши да не сме гневни на едните, а некритички настроени кон другите? […]

„Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од Александра Јуруковска

Александра Јуруковска е искусен новинар со скоро дваесетгодишен ангажман во културните редакции на повеќе радија и сајтови, и како надворешен соработник во дневни весници и специјализирани списанија. Оваа нејзина втора теориска книга е резултат на долгогодишно истражување, односно на магистерски труд, чии основни прашања се: дали книжевноста е принудена на егзил од својата „природна“ околина – книгата, […]

„Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон (и интервју со преведувачката)

„Секое излегување колата ја полниме со ќеси ѓубре да не го фрламе во селската река. Цел пат до Сливница ни труе на расипана паштета. Добрите намери се поплочани со јака смрдеа“ Песнава спаѓа во жанрот „жива вистина“. Дури кога ќе поминеш одмор на место во кое нема организирано собирање отпад сфаќаш какво ѓубре од луѓе […]

„Серотонин“ од Мишел Уелбек

5-хидрокситриптамин, хормон и невротрансмитер, чиј недостаток во човечкиот организам доведува до нарушување на расположението во вид на депресија или анксиозност, несоница и малаксаност. Медикаментозното предозирање со него, пак, може да предизвика треска, висок крвен притисок, дезориентација, тахикардија и намалена сексуална желба. Кога професорот по книжевност Франсоа среде сите политички турбуленции опишани во претходниот роман на […]

„Нашиот пат“ од GP и Steffonator

„АБЕ ЕЈ, ВО КНИГА СМЕ, АЛОО!!! БЛАГОДАРЕНИЕ НА ВАС, НÈ ИМА НА ХАРТИЈА ШТО ВИЕ ЈА ДРЖИТЕ ВО РАКА!“ Вака, со капс лок и три извичници, почнува книгата на Марко и Стефан, едниот на 19, другиот на 21 година. Онлајн познати како Џи-пи и Стефонатор, тие во јутјуберска валута во моментов „тежат“ 142.425, односно 59.113 следачи – […]

„Урбани легенди“ од Васко Марковски

„Градовите се компактни поголеми населби, во кои жителите се занимаваат со секундарни и терцијарни дејности“. Дали во оваа енциклопедиска дефиниција може да се вгради мемливиот провев кој заплиснува под сводовите на мостот Гоце Делчев во октомври? Ѕвецкањето на прибор и жагорот од дворовите во Тафталиџе лете? Зуењето на чаршијата, тишината на сопрените ескалатори во ГТЦ […]

„Паралели и парадокси: истражувања поврзани со музиката и општеството“ од Едвард Саид и Даниел Баренбојм

Во освртот посветен на книгата разговори помеѓу писателот Мураками и диригентот Озава најавивме дека и последната читанка за оваа година ќе биде на слична тема, и дека овие две книги е најдобро да се читаат едно по друго. „Паралели и парадокси“ е слична по формат, иако образованието, сензибилитетот и потеклото на нејзините автори ја прави […]

„Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова

Има една предност кај авторите кои подолго време се занимавале со поезија, а потоа во еден момент решаваат да напишат роман. Изразот им е постегнат, вишоците се речиси незабележливи, она што е означено како „роман“ повеќе личи на подолг расказ и, иако нема дијалози, дури и на театарска пиеса или на краток филм, во кои авторот […]

„Апсолутно за музиката: разговори со Сеиџи Озава“ од Харуки Мураками

Харуки Мураками, јапонскиот писател кој со години е споменуван како еден од најсериозните кандидати за Нобелова за книжевност (која, искрено, не знаеме ни зошто би му била потребна), е човек со широки интереси. Освен по маратонското трчање (за што подетално пишувавме тука), тој е познат и како голем љубител на музиката, особено на класиката и […]

„Уште музика и муабети“ од Ненад Георгиевски

По одличната прва збирка интервјуа на долгогодишниот новинар и критичар Георгиевски, излегува нова, во која се вклучени и до сега необјавувани интервјуа со врвни претставници на различни музички жанрови: Мариза, Пет Метини, Ал ди Меола, Енди Самерс (од „Полис“), Руичи Сакамото, Зоран Маџиров. Разликата со првата книга е што помеѓу интервјуираните има и фотографи, режисери […]