Си ↯↯↯ ♥ка

Ги остаив цигарите. Сеа припалувам само со прво кафе, после јадење, со алкохол, пред спиење, после секс и коа ми се пуши. На пролет се отвараат терасите по кафичи. Се е повесело, повеќе луѓе се будат од зимскиот сон за да влезат во пролетен филм. Неколку правила за пролетта: 1. Доколку имаш во текот на […]

Св. Валенфун

Веднаш после мојот роденден е денот на вљубените или попознат како Валентајн. Една недела пред календарски да настапи овој празник социјалните мрежи не преплавуваат со срциња, мечиња, вино, најоргинални запросувања и слични лигавешлуци. Порелигиозните и прави православци ги едуцираат претходниве дека е многу глупо да се слават католички празници пошо ние си имаме наши православни. […]

Среќна нова руска салата

Новогодишните празници се ближат и веќе секој знае каде ќе оди и што ќе носи. Освен оние што викаат дека не одлучиле, тие ќе седат дома ин а рилејшншип со торенти и ќе поминат најјако… Прво броиш денови, нагласуваш дека нема да споиме, вадиш ден два од лански одмор или боловање и фаќаш авионот. Тоа […]

Ме сакаш? Да или многу?

14-ти февруари во Македонија има неколку свои препознатливи моменти, на пример, анкетата на плоштадот. Не постои 8-ми март или некаков било каков празник да не се оптегне некоја на плоштад и да замара минувачи со глупите прашања од типот „дали славите..“. Момците што ќе застанат ќе речат Св.Трифун, девојчињата ќе кажат Валентајн, а паровите најчесто […]

Шефе вас најсреќна да ви е!!!

Мене сепак ми се хит собирањата од фирма. Да речеме ручек. Тие од сметководство нафенирани навнатре, секогаш спастрени. Секретарката најмодерна и најгласна дека најглавна.Се спојуваат маси како за на состанок, се редат луѓе по масите и на чело седи шефот. До шефот седи неговиот најверен „шефе вие сте најдобар“ колега. Од другата страна седи „шеф […]

Нема да има народно

Секој муабет за свадба почнува исто. Знаеш… мала и културна сакам да биде онака млади, ама нашиве бе напињаат… Си викам како ги напињаат побогу. Ние нејќевме народно знаеш…ама го договоривме Наум Петрески и Зуица гостинка ќе биде знаеш дека нашите сакаа…мхм. Матично, строго во Парк. Другите Матична не се важат значи таму не фаќа […]

Еве чекам сеа некои пари

Одлично за тие потолерантните ама јас добивам инфаркт левел пченица кога ќе им го отворам ФБ и ко ќе видам кај биле на одмор или Нова Година. Газди и Директори во обид. Мојата омилена категорија на фраероќи. Како препознаваш Газда во обид. Договараш состанок, не првиот термин „Имам договорено тогаш“ значи ќе ја пере колата, […]

Рибник за скара

Немаме култура за базени а и од каде би ја имале, Скопје нема базени. Ми рекоа се отвориле некои ресторани со базени малку подалеку од градов каде што било многу добро за да го поминеш денот. Нормално, земав пешкирчето, собрав друштвото и правец на овие места да видам што е таа новост. И не така […]

Шардоне од Ризлинг

Отприлика секој што има два метри пред зграда до улица и деловен простор кој собира шанкче е одлично решение за маалски кафич. Па уште ако има и куќа со двор, може и диско да отвори. Летово се отворија два- три- петшеснаесет нови кафичи. Во дискотеките се забрани турбофолкот, но тоа не им пречеше на моите […]

Пасош ✓Билет ✓Купачи ✓

Се навикнав дека секој букинг сајт има различни цени па од пред некоја година почнав да им пишувам мејлови на хотелите да се испазариме. Сликите на собите по ист принцип-бираш најубав агол, малку фотошопче, терасичката, купатилцето, има еркондишн и останати детали кои ќе ги одвојат од другите хотели. Ѕвезди до секој хотел, критериумот никогаш не […]