Вештачка интелигенција тренирана на стари научни статии дојде до откритија кои луѓето ги промашиле

Во студија објавена во списанието Nature од 3 јули, истражувачи од Националната лабораторија Лоренс Беркли користеле алгоритам наречен Word2Vec, чија задача била да обработува постари научни текстови и да бара врски кои луѓето ги пропуштиле. Откако ја завршил работата, алгоритамот исфрлил предвидување за квалитетни термоелектрични материјали, кои претвораат топлина во енергија и можат да бидат применливи и […]

Koга авангардниот композитор Шенберг смислил симболи за тениски натпревари

Еден од оние уметници кои на прв поглед не би требало да имаат никаква врска со спорт, а уште помалку со тенис, е Арнолд Шенберг, еден од најзначајните и највлијателни композитори на 20 век. Но тој до зрели години продолжил не само да создава иновативна музика, туку и да минува време на тенискиот терен. Роден во […]

Пропаднатиот план за киднапирање и убиство на Хајзенберг

Научниците секогаш имале тајни, но тие никогаш не биле толку важни како во текот на Втората светска војна. Среде конструирањето на атомската бомба, лидерите на проектот Менхетен кренале паника кога сфатиле дека нацистичка Германија е многу понапред во истражувањето на нуклеарното вооружување во однос на сојузниците. Собрале јака екипа, и под кодното име Алсос мисија, […]

Tеатарска претстава за вистинско убиство во која глумат блиски на убиениот

Злосторот извршен од чиста злоба и нетолеранција ги шокирал жителите на белгискиот град. Тоа за швајцарскиот театарски режисер, по образование социолог, Мило Рау, покренало бројни прашања. На пример тоа дали уметноста може да му даде смисла на еден ваков, во основа бесмислен чин. Убијците биле пијани, го сретнале Џарфи, никогаш немале намера да го извршат делото, […]

Од каде потекнува англискиот израз „тоа е чајот“?

Изнервирани од поразот во полуфиналето, и дополнително од тоа што потоа Американките го освоија и светскиот куп, победувајќи ги Холанѓанките во финалето на светското првенство во женски фудбал со 2:0, Британците почнаа да развиваат теории за навредливоста на гестот на Алекс Морган (фото горе). Со тоа што имитирала пиење чај, таа во една верзија ја исмевала стереотипната […]

Нова графичка новела посветена на Стивен Хокинг

Едноставно насловена „Хокинг“, со текст на Џим Отавијани и илустрации на Леланд Мирик, новата графичка новела (2 јули) го следи животот на легендарниот научник, од неговите револуционерни дела во областа на теориската физика, објавувањето на бестселерот „Кратка историја на времето“, до неговото залагање за правата на луѓето со хендикеп. Авторите спровеле детално истражување, минувајќи низ куп […]

Древниот Бугарин од супермаркетот

Во бугарското издание на збирката есеи „Сопатник на радикалниот мислител“ на Алек Попов (за која пишувавме тука), уште пред десет години е вклучен сатиричен, но и по малку меланхоличен текст за опседнатоста на Бугарите со своите древни корени. Овој „етнокич“, кого ние го преживеавме со благи трауматични последици, во Бугарија не само што не е […]

Како Џорџ Харисон ги спасил Монти Пајтон

Во 1978, токму во моментот кога требало да почнат подготовките за снимањето на „Житието на Брајан“ (Life of Brian), директорот на ЕМИ, лорд Делфонт, зел да го чита сценариото кое го купила неговата компанија. Се извадил од памет од неговата „бласфемичност“, и итно ја запрел целата постапка. Пајтоновци морале брзо да најдат 2.5 милиони долари […]

Дали „лажниот текст“ е следна глобална политичка закана?

Редит, или како што се нарекува „насловната на интернетот“, е полн со банални теми и коментари. Меѓу нив една привлече внимание, но не заради својата содржина. „Најдов начин да испржам белки од јајце без тавче“, гласи нишката, после што следат неколку коментари, меѓу кои такви кои изразуваат сомнеж дека е тоа можно, но и други кои […]

Измамникот кој ги убедил Германците дека Ивица и Марица се вистински

Тоа беше една од пострашните приказни кои ги читавме како деца. Во оригинал на германски позната како „Хансел и Гретел“, кај нас како „Ивица и Марица“, таа е прв пат објавена од страна на браќата Грим во 1812, и има голем број верзии во култури кои често немаат никаква допирна точка едни со други. Оттаму и нема […]