Наследството на Сириза: Народ без надеж

Со 57%, последниве избори во Грција имаа најниска излезност со децении. Нова Демократија зема 39,8% но не дека некој е вистински инспириран. Ветија дека со булдожерски зафати ќе ја рушат бирократијата но тоа е партија која повеќе потсетува на здивот на минатото отколку на некој свеж ветар од иднината. НД е партија на естаблишментот која ја […]

Грција и релативноста на силувањето

Наместо да се придвижува кон тоа што го вети со потпишување на Истанбулската конвенција, дека ќе се забрани секоја форма на неконсензуален секс, новиот закон „го дефинира силувањето само во смисла на физичка закана што тоа претставува за жртвата“ ставајќи ја на страна согласноста како критериум. Еден од најспорните е членот 336 од законот кој […]

Грција пак: За репарации што правиме?

Грчкиот амбасадор во Германија поднесе официјално барање до Берлин да влезе во преговорите за воените репарации кои според грчка страна земјата ги заслужува за штетата во Првата и Втората светска војна. На барањето му претходеше официјална одлука на грчкиот парламент од април годинава, за започнување на дипломатска кампања за да се притисне Германија да исплати […]

Со кого тоа грчкото изборно тело го облагороди европскиот парламент

Бројката на гласачи е дури и мала, со оглед на тоа што тој е единствената личност на планетава кој како што самиот тврди поседува оригинални писма напишани од раката на самиот Исус. „Еве ви бе деца“, вели во промотивното видео, „ако го купите ова и вие ќе бидете такви, единствени“ (кои ќе имаат фотокопија од […]

Нема тебе, нема мене, јој

Само шест општински центри имаат повеќе население од порано: Софија, Пловдив, Велико Трново, Крџали и од пред некое време, Трговиште (чиј човечки капитал пораснал за 7 лица). Најмногу набабрила Софија која има 3,237 луѓе повеќе од претходната година, втор е Пловдив и таканатаму. Демографски пораст имаат само 28 од 229 места. Шесте града со помалку […]

Кинескиот поход на Европа заглави на грчки комисии

Кинеската државна компанија Коско шипинг последнава деценија го менаџира пристаништето во Пиреј и во договор со грчката влада планираше во претстојниот период да го прошири неговиот капацитет во проект вреден 1,5 милијарди евра. Баснословниот план за проширување, чија крајна цел беше создавање на атинска ривиера, со хотели и слични додатоци, сега е запрен од локалните […]

Хрватите протеруваат Босанци што не сакаат да кодошат за нив

Ал-Џезира објавува дека десетици босански државјани тврдат дека Хрватска ги повлекла нивните работни дозволи, ги депортирала и ги етикетирала како национална закана откако одбиле да работат како шпиони и да пренесуваат информации за муслиманите во Босна. Тие се повикуваат на сведоштвата објавени во босански Журнал, кој пишува дека хрватските разузнавачи се обидуваат да регрутираат босански […]

Грчки рецепт за втерување одговорност кај општинари

Родителот го лупа блокот од бирото на (веројатно) надлежниот општинар и трга да се објасни со него пред дел од присутните (на радост на чиновникот) да го зауздаат во објаснувањето. Блокот малтер е од таванот на училиште во населбата Ахарнес и паднал во една од училниците за време на час додека била полна со деца. […]

На Грците нема кој да им ги собере парите за данок

Агенцијата за јавни приходи пријави пад на бројот на своите вработени во 2018 заради што не може да го исполни таргетот од 12.000 вработени. Проблемот делумно се должи на тоа што погодните кандидати ја одбиваат понудата за работа главно заради платата што им се нуди. Проблемот стигнува и до Европската комисија, која како и секој […]