Не е зависноста од смартфонот, пострашно е

Допаминот е стара природна дрога на човекот а социјалните мрежи и начинот на кој тие функционираат најдоа формула како да станеме зависни од неговите мали но редовни дози. Се работи за речиси незгаслива жед да се собираат микро-повратни реакции за себе. Постојано сме по потрага од нив и тука лежи зависноста. А главен дилер не […]

Смартфон во раце на Трамп (по дефиниција) е опасна работа

Акивноста на Доналд Трамп по социјалните мрежи сугерира дека тој и натаму користи регуларен Андроид-уред. Софтверот на Гугл е доста податлив за хакери, кои можат да ја пресретнат комуникацијата или да ја преземат контролата врз камерата, микрофонот или геолокацијата со едноставни трикчиња како што е кликање на малигно линкче.  Од тие причини и Обама мораше […]

Гаџет на денот: Душкач на храна

Се вика Food Sniffer и чини 105 британски фунти. Служи да го замени вашиот нос ако мислите дека неговата еволуција од пар милиони години не го направила доволно ефикасен за да преживеете. Со други зборови, пренослив електронски нос кој мириса во ваше име. Стручно кажано, хемиски сензор на органски материи кој ги детектира промените и […]

Хартија главата ја чува

Кацигата е хартиена, рециклирачка и се склопува. Авторката ќе добие 30.000 фунти да го развива проектот а наградата ја доделува фондацијата Џон Дајсон, што, според наградената Исис Шифер е “Светиот грал” во светот на дизајнот. Шифер била инспирирана од потребата да има кацига кога е во некој друг град (со велосипеди на изнајмување) а не […]

Кларксон ги избра 10-те најлоши автомобили

Заради економичноста, еколошките ограничувања, безбедноста и масовното производство, сите автомобили се произведуваат од исти делови. “Кочниците на твојата кола, на пример се исти како и кочниците на сите други коли. Истото важи и за амортизацијата. И за воздушното перниче.” “Ама и покрај тоа и понатаму ме прашуваат, ‘Која е најдобра прва кола за мојата ќерка?’ […]

Прашај ме колку е саат

Компанијата Елевен Џејмс постои две години и се занимава со “динамички пристап” кон часовниците. Тоест ви ги рента за годишна претплата. Функционира како што функционираше Нетфликс со ДВД-а на времето. Изнајмувате, ви проаѓа ќефот, го враќате и добивате нов. Претплатата чини од 150 до 800 долари годишно. На колку поскапа претплата сте, толку поскапи часовници […]

Што стана со нашето фрижидерче?

Во таа 2014 година проектот изгледаше булетпруф. Бараа 50.000 долари, имаа собрано преку 13 милиони долари, од 62.642 поддржувачи. А функциите – рај. Го видовме што сè нуди и радосно туривме наслов КУПЕНО! [video:https://youtu.be/7m0tlh8Q7kY autoplay:0] Две години подоцна: Тие почнаа да го прават, арно ама се зезнаа со математиката и сега бараат од оригиналните поддржувачи […]

Електрошоковите се враќаат, и вие ќе платите за нив

Од пред неколку дена во продажба се пуштени овие слушалки зад кои стои стартап со сериозни инвеститори. Претходно биле тестирани од професионални спортисти од американскиот безбол, НФЛ и репрезентативци во скијачки скокови. Кај последниве биле утврдено дека перформансите на тренингот кај оние кои ги користеле биле подобрени за 31 процент за разлика од оние кои […]

God Save the Apps

И како Ротен и како Лидон, Џони секогаш знаел да претерува, само што сега целта не му е да го урниса кварниот естаблишмент и да ги тргне лажните авторитети од нивниот општествен трон туку да помине ниво на Game of Thrones. “Последниве две години како идиот сум навлечен на игрици. Не проверував но кога ја […]

Покажи колку го сакаш Путин, Ајфон издание

Дополнувањето на Ајфонот доаѓа од италијанскиот луксузен бренд Кавијар, чие објаснување е дека Путин станал “симбол на новата генерација.” Поентата на кампањата е дека екстравагантниот уред е “најдобар начин за да се изрази патриотизмот.” “Supremo Putin” е Ајфон 5S на кој на задната страна му е прекриена со 18-каратна златна плочка, на која го има […]