Наскоро ќе снема темјан. Боже мој.

Христијанското свештенство се соочува со неочекуван предизвик околу едно од нивните основни средства за работа. Како механичари да останат без уље или бербери без крем за бричење, тие наскоро ќе се соочат со оскудација на темјан кој денес галантно го пафтаат, небаре вечно ќе им трае. Темјанот се добива од млечната смола на дрвата Босвелиа […]

Дали може да се натераш нешто да заборавиш?

Меморијата е зафркната работа – или очајно се обидуваме да ја поттикнеме (кога мислиме кај ни се клучевите или како се викаше некој), или очајно се обидуваме да ја потиснеме кога станува збор за лоши нешта. Но може ли релативно безболно, а намерно, нештата што нè вознемируваат, или што просто не ни требаат, навистина да се […]

Човештвото го положи тестот „најдов новчаник, што да правам“?

Вредно кај експериментот е што не се темели на вербални искази или електронско решавање морални дилеми кога е лесно човек да се чатали, туку на реални подметнувања паричници, на улица, по музеи, клупи, шалтери и слично. Целиот експеримент чинел 600.000 евра а во секоја од 40-те земји се правеле по околу 400 опсервации. Изгубените паричници […]

Треба Шазам за бебешки плач?

Искусните медицински сестри и педијатри (и по некоја баба), можат да идентификуваат зошто бебето плаче врз основа на своето големо искуство. Личуан Лиу, професорка по електро инженерство на универзитетот во Северен Илиноис зборувала со голем број од нив пред да започне истражување на бебешкиот плач, а она што го дознала е дека звукот на плачот […]

Градот кој на 14 јули ќе биде прскан

Монсињор Рубен Дарио Харамиљо Монтоја планира да изнајми воен хеликоптер и на 14-ти јули, денот кога градот Буенавентура го слави својот светец заштитник да го испрска целиот град со света вода/. „Ќе истуриме многу света вода, да видиме дали ќе успееме да ги избркаме демоните кои го уништуваат нашиот убав град,“ обелоденува бискупот. Буенавентура е […]

Зошто Чернобил не ги потепа растенијата?

По хаваријата на која нè потсети ултра гледаната серија на HBO, околу Ченобил беше одредена забранета зона за живеење и движење со површина од 2.600 квадратни километри. Оној живот што остана во таа зона ќе беше многупати убиен ако се работеше за луѓе, цицачи или птици. Но, станува збор за флора, а таа има издржливост […]

Норвешки остров сака да го укине времето

На мостот по кој од копно се доаѓа до островот Sommarøy (Летен остров) служи како атракција за туристите. Но, наместо оставање љубовни пораки или катанци кои симболизираат нечија нераскинлива врска, луѓето на него оставаат часовници, за да го симболизираат преминот во местото во кое часовниците не важат. Островот има околу 300 жители и тие сакаат […]

Во Бразил прават царски журки

Тоа е вообичаена сцена во бразилските болници, особено за побогатите семејства меѓу кои е многу популарно да подготвуваат забави по повод царските резови: со украсување на просторијата, кетеринг, специјални светла, цвеќиња, пијачки… класична журка. Царски рез по сопствен избор – кога не постои медицинска причина за тоа – е омилениот начин на породување во богатите […]

Откриен исчезнатиот Да Винчи од 400 милиони евра

Во 2017 неименуван купувач победува на аукцијата на Кристис и станува сопственик на сликата „Салватор Мунди“ за 450 милиони долари (400 милиони сликата + 50 милиони административни трошоци). Подоцна се дознава дека купувач е саудиски принц, но истовремено аукцијата е последен пат кога сликата е видена во јавност или воопшто се знае каде е. Лувр […]

Колку загадува твоето гледање Јутјуб видеа

За показна вежба истражувачите од Универзитетот во Бристол го имаат избрано Јутјуб, кој има статистика од 1 милијарда прегледани часови видео на ден. Пресметувајќи ја потрошувачката и популарноста на Јутјуб за 2016, истражувачите дошле до бројката 11,1 милиони тони јаглерод-диоксид создаден од гледање видеа. Ова е рамно на количината загадување од градови со големина како […]