Игор Стравински и неговата „нелегална“ верзија на американската химна

Игор Стравински емигрира во САД во 1939 година. Стигнува во Њујорк за брзо да се скраси на Кембриџ. Две години држи предавања на Харвард, во рамките на школата на Чарлс Елиот Нортон а додека живее во Бостон, диригира и со тамошниот симфониски оркестар. Во една прилика решава да изведе негов аранжман на “The Star-Spangled Banner,” […]

Како Ролинг стонси ја прават плејлистата за концерт?

Рокенрол империјата има разработен систем за планирање на песните кои ќе ги свират на секое шоу. Во концертни денови тонска проба обично прават попладне. Тогаш седнуваат Мик Џегер и клавијатуристот Чак Ливел. Вториов има задача да води сметка што свиреле на тоа место (или во околината) последниот пат, за да не се повторуваат, а Џегер […]

Најголемиот колекционер на винили не слуша плочи

„Мојата колекција на плочи е само колекција. Не е нешто што редовно го користам, поточно е дека не го користам никогаш. Не почетокот навистина ги слушав плочите а почнав да ги собирам мислејќи дека со нив ќе ги импресионирам девојките. Но, како што стареам, немам нерви да се занимавам со нивната музика иако сум среќен […]

Стоунси конечно им попуштија на Верв за „Bitter Sweet Symphony“

Самата пресуда со која претходно на Ашкрофт две децении му беше оспорувано правото на песната, е прилично апсурдна. Ашкрофт имаше земено семпл од оркестарска изведба на „The Last Time“ на Стоунси. Ниту Џегер, ниту Ричардс, кои се автори на песната, немаат никаква врска со гудачкиот дел што Ашкрофт го копира, ниту пак со оригиналниот текст […]

Брајан Меј сака нов Лајв Еид, ама овој пат за цел свет

За гитаристот на Квин, кој беше клучен дел од организацијата на Лајв еид пред 30 и кусур години, новиот концерт би бил послужил за посериозно будење и активирање на новата генерација. Тој признава и дека од првиот концерт до сега концептот е излитен од искористување за решавање и актуелизирање на секакви проблеми. „Луѓето изгледаа премногу […]

Пола од парите во музиката доаѓаат од стриминг

Бројките се на глобално ниво и во 2018 ова достигнува 47% од сите пари што во светов се направени од музика. Благодарејќи на стримингот, глобалните приходи од музиката достигнуваат до 19,1 милијарда долари. Стриминг секторот ги надоместил парите изгубени од падот на продажбата на физички медиуми и од даунлодирањето на музиката. Крајот на 2018, музичката […]

75% од парите во музичката индустрија доаѓаат од стриминг

Како метод за собирање пари стримингот опфаќа директни претплати, преслушување овозможено од реклами или дигитално радио. Од ова во 2018 музичката индустрија инкасирала 7,4 милијарди долари, од вкупно 9,8 милијарди колку што направила минатата година. Паралелно со растот на приходите од стриминг зголемен е и бројот на претплатници на ваквите сервиси па од 35,3 милиони […]

Питер Фремптон прави турнеја за збогување

Пред осум години Питер Фремптон приметува дека ножните зглобови му се кочат. Пред четири години му се случуваат неколку инциденти, што на сцена, што надвор од неа, кога паѓа на банални работи. Почнуваат да му се заморуваат и рацете. Оди на преглед и му откриваат дегенеративно заболување на мускулите (Inclusion-Body Myositis), од оние иреверзибилни болештини […]

Не остана Шабан на светов

Ако во песните на Шабан Бајрамовиќ сме се натопиле од глава до петици а во неговата музика и сме пливале и сме се давеле, за Шабан Шаулиќ мораме да признаеме дека никогаш докрај не успеавме да го разјасниме буквално митскиот статус кој тој го ужива во народната и кафанска музика.  Не дека не допираа до […]

Концерт во Фортнајт

Концерт по дефиниција означува колективен настан на кој се слуша музика, а во зависност од жанрот може и да се цупка, да се шизи, да се креваат раце во вис или да се прави „шутка“. Ама овој концерт е поинаков. Иако на него се присутни милиони луѓе, никој не ти дише во врат, ниту пак […]