Само во јуни, американската економија додаде 224.000 нови работни места

Во моментов невработеноста во САД изнесува 3,7 проценти а вкупните примања растат со годишен пораст од 3,1%. Во поглед на бројот на работни места што е еден од индикаторите на кондицијата на економијата, мај и април малку потфрлија во однос на предвидувањата и испаднаа пократки за по 3.000 односно 8.000 места па се очекуваше јуни […]

Од топлото ќе испарат 80 милиони работни места

Според проценките на ИЛО (International Labor Organization), покачените глобални температури ќе доведат до намалување на работните часови за 2,2 проценти, што ќе изнесува 80 милиони работни места помалку до 2030 година. Економските загуби од климатските промени се прoценуваат на 2,400 милијарди долари. Авторите на студијата ги изведувале анализите врз основа на конзервативната проценка дека глобалните […]

Работна недела од еден ден, со белешка од доктор

Кај невработените кои почнале да работат по 8 часа неделно имало 30-процентно намалување на проблемите со менталното здравје. Над 8 часа неделно ништо од подобрувањето не се зголемило. Иако концептот на 8 работни часа неделно тера на блажени мисли, тој доаѓа со задни намери и се разгледува во контекст на автоматизација на работните места и […]

Се бараат нинџи како никогаш порано

Работодавците во денешните софтверски компании обожаваат нивните регрути да мислат дека ќе бидат ангажирани како нинџи или Џедаи, баш како да се во Кил Бил или Старворс. Погледнете го порастот на работни позиции опишани со зборот нинџа: од мај 2006 пораснал за 2.505%. Пораст има и кај оние места кои се опишани како „рокеришта“ (810 […]

Фејкањето позитива на работа води кон чашката

Сетете се на последниот пат кога сте имале заебана вечер: со партнерот се нема разбирачка, сметките не се платени, родителите звоцаат дека ги заборавате. Сега замислете го следното утро. Куси со сон и нерви, одите на работа и си монтирате насмевка. На другите да им изгледа дека сè е во најдобар ред со вас, иако, […]

Амнести интернешнл остана без речиси целото раководство

Директорите кои ја напуштаат Амнести се од канцелариите во Лондон и Женева, а според британските медиуми директорите за збогум ќе добијат „великодушни“ исплати. Истрагата беше започната откако во 2018 се самоубија двајца вработени на Амнести интернешнл. Еден од нив се самоуби во канцелариите на Амнести во Париз, оставајќи зад себе белешка во која како причина […]

Програмери престанете да се кажувате дека сте инженери

Иан Богост во Атлантик пишува „титулата ’инженер’ е девалвирана од технолошката индустрија“. Како пример за кризите што ги минува светот а се последица на работата на „софтверските инженери“ Богост наведува неколку масовни протекувања на информации од гиганти како Таргет, Ласт Пасс, Харвард и слични, или скандалот со дизел возилата на Фолксваген кој исто така беше […]

Колку повеќе си ја сакаш работата, толку те мислат за поглуп

Трудот објавен во Журналот на личноста и социјална психологија, наведува дека луѓето сметаат дека полегитимно да се натераат пасионираните вработени да го остават своето семејство за да работат за време на викенди, да работат неплатени часови, и да се справуваат со обврски што се нивни. Искористувањето на пасионираните вработени било конзистентно регистрирано во 8 студии […]

Радикално решение за климатските промени што добро ќе ни дојде

За да се спречи дополнително затоплување на планетава над границата од 2 степени Целзиусови вработените во Британија, Шведска, Германија и други европски држави ќе треба да ја скратат работната недела за нивните држави да ги постигнат целите што ги потпишале. Работната недела од вкупно 9 часа е добиена врз основа на бројките од ОЕЦД и […]

Стравот на мажите од #MeToo удира по деловните жени

Овој проблем на мажите на крај пак завршува како проблем на жените бидејќи тоа значи дека мажите менаџери одбиваат да менторираат колешки, да работат еден на еден со нив, или воопшто да се социјализираат со жени. Притоа разликата само се зголемува кога двете метрики се мажи од високи менаџерски позиции и жени почетници во компанија. […]