Руските попови ќе престанат да благословуваат оружје за масовно уништување

Православни попови во помали земји знаат да благословуваат коли, лифтови и гранапчиња а некаде и телевизиски програми и рејтинзи (види: „Господ понекогаш е оправдано отсутен’) . Но затоа руски попови, особено откако земјата ја расипа калимерата со Запад по заземањет/враќањето на Крим, имаат благословувано ракетни системи С-400, нуклеарни подморници, тенкови и борбени авиони.  Еден поп […]

Папата го смени пасвордот

Станува збор за познатата „Оче наш, кој си на небеса…“ Папата ризикуваше да го навлече гневот на верските традиционалисти па реши да го промени стихот „Не воведувај нè во искушение“ кој отсега ќе гласи „Не дозволувај да паднеме во искушение.“ На прв поглед ова се чини како тривијална и неважна промена но во неа се […]

Германски парламентарци повикаа на заштита на христијаните

Загриженоста за позицијата на христијаните доаѓа од компилација владини и невладини парламентарци. Германскиот комесар за религиозни слободи, Маркус Грубел, за Велт изјавува дека нападите во Шри Ланка се дел од глобален тренд. Поранешниот парламентарен лидер на ЦДУ, Волкер Каудер, во интервју за Билд го осуди „растечкиот прогон на христијаните низ цела Азија.“ За Каудер бомбашкиот […]

Атеизмот е неспоив со научниот метод

60-годшниот Глејзер е годинешниот добитник на наградата Темплтон. Во интервјуто за Саентифик Американ, тој објаснува дека неговата „верба во скромноста“ е причината зошто ја има добиено наградата. „Верувам дека треба да имаме скромен пристап кон знаењето, во смисла дека ако внимателно гледаш како функционира науката, ќе видиш дека таа е извонредна – величествена! – меѓутоа има свои […]

Сите за пост се откажуваат од храна, никој никогаш не се откажува од порно

Пишувајќи за постењето (не за православната верзија) Зо Вилијамс во Гардијан објаснува дека постот историски е досадна идеја „земаш време од годината кога и онака нема што да се јаде, па своето воздржување го дотеруваш во предмет на вера.“ Вилијамс пишува: „Така барем сигурно им изгледа на средновековните неентузијастички христијани. Маса луѓе кои избегнуваат јагоди […]

Италијанците ќе откриваат демони од мали нозе

Италијанското министерство за образование понуди, а над 200 наставници од државните училишта се пријавија, на часови по егзорцизам, како дел од „континуирана образовна програма која ќе им помогне да се справат со ѓаволести ученици“. За да немате сомнеж околу остатокот од сторијата треба да имате предвид дека во земјата годишно се спроведуваат околу 500.000 церемонии […]

Папата пред предизвик од милион долари за Велигден да го пости православно

За да не биде безобразен предлог до Папата, наградата е замислена како донација до организација или кауза по избор на римокатоличкиот поглавар. Предизвикот е затоа што католичките велигденски пости се лајт-верзија на православните, и имаат доста шарено мени во однос на тукашното кое им дозволува риба, јајца и млечни производи. Мотивот на активистите е да […]

Германија би да воведува „данок за џамии“ за муслиманите

Луѓе од ЦДУ на Меркел за Велт објаснуваат дека данокот за џамии е „важен чекор кој ќе дозволи исламот во Германија да се ослободи себе си од влијанието на странски држави.“ Во Германија веќе се собира црковен данок од католиците и протестантите од кој се финансираат црковните активности. На терен данокот го наплаќа државата а […]

И на Света Гора напнато заради Русија и Украина

Меѓу останатите мерки, од кои има и некои порадикални кои би довеле до отцепување на Руската православна црква, е и забраната од патријархот Кирил за посета на Света Гора. Забраната не се однесува само на свештенство, туку на сите Руси. Атос стандардно е преплавен од руско свештенство и  богаташи, во 2016 е посетен и од […]

Руски пресветол великомаченик Гучи

Попот Вјачеслав Баскаков од градот Твер се прослави минатиов викенд откако неговите постови се раширија по руските социјални медиуми. Меѓу другото, Вјачеслав е фотографиран со Гучи чевли, Луи Витон чанти и папучи. Откако почна да се шири, профилот инстантно е избришан ама веќе беа направени добар дел скриншотови од постовите на Гучи попот. По укорот […]