Златната ера на стримингот завршува

Убедливо најгледаната серија од американскиот каталог на Нетфликс е Офис (американската верзија, со Стив Карел). Иако платформата потроши огромни пари во производство на своја оригинална програма (само минатата година – 1.500 часови), испадна дека луѓето најмногу сакаат да гледаат ситком стар една деценија. По еден извештај, Офис сам агрегирал 7% од вкупното гледање на американскиот […]

Новиот Авенџерс прави пари без усул

Со вакви бројки последниот Авенџерс за сега е на второ место по вкупна заработувачка. Прв се уште се држи Аватар. За споредба, на Аватар му беа потребни 47 дена во кино за да ја пројде границата од 2 милијарди долари. „Завршница“ на Авенџерс во САД и Канада заработи 619 милијарди долари, а околу 1,5 милијарда […]

Американското министерство за правда се вмеша во исправањето неправди околу Оскарите

Варајети објавува дека американското министерство за правда ја предупредува Академијата дека менувањето на правилата околу Оскарите за да се исклучи конкуренцијата од стриминг сервисите може да е спротивно на законите. Првиот човек на анти-монополската управа на министерството, Макан Делрахим, испраќа писмо до ЦЕО-то на Академијата, Дон Хадсон, во кое „изразува загриженост дека новите правила ќе […]

Спилберг: Да го мафнете тоа Нетфликсот од Оскари

Неговиот став е дека филмовите во продукција на „стримаџиите“ треба да се натпреваруваат само за Еми наградите, не и за Оскарите. Главно на Спилберг не му е сеедно што се мешаат филмови направени и емитувани во кино со оние од стриминг. Од продукциската куќа на Спилберг, изјавиле дека тој сериозно е намерачен на овој проблем […]

Финтата на Ноа која никој не ја разбра

Дека Оскарите знаат да бидат врв на едно помпезно фејкерство се покажа уште кога публиката ја исвирка Индијанката на Марлон Брандо кога објаснуваше дека човекот не сака награда додека цел еден народ се третира на срамен начин. Се разбира, знае таму да се случат одлични и урнебесни мајтапи, посебно кога церемонијал мајстори биле махери како […]

Ви ги даваме победниците на Оскарите 2019 еден ден пред сите

Списокот во оригинал вака вика: – best picture – roma – best actor – rami malek – best actress – glenn close – best director – alfonso cuaron – best supporting actor – mahershala ali – best animated feature film – spider-man into the spider-verse – best foreign language film – roma – best adapted […]

Серијата погрешни одлуки познати како Оскари 2019

Ако има една олеснителна околност во масовното рендање на организаторите тоа е дека ниту една од одлуките не ја носат заради сопствен хир, туку се работи само за нивни обиди да се справат со проблемите во кои со години се подлабоко заглавува целата церемонија. Критиките за предолгото траење на целата церемонија, над 4 часа, тие […]

Десет години немир, документарец за патот до брегзит

Потребно е да се одржи итен состанок за спас на економиите на ЕУ, во момент кога Британија е без влада, а германскиот министер за финансии, од кого зависи секој договор, лежи болен во својата хотелска соба. Од ова зависи ликвидноста на банките и компаниите на континентот, па почнуваат да се бараат резервни германски политичари кои […]

Лорд оф д Рингос

Малку е познато дека во 60-тите години, Битлси се обиделе да ги откупат филмските права за The Lord of the Rings при што идејата им било Ленон да биде Голум a Макартни Фродо. Посакувале филмот да го режира Стенли Кјубрик. По почетните преговори, авторот на делото сепак решил дека не сака Битлси да си играат […]

Како да заштедиш 90 милиони долари на филм? Отпушти го Џони Деп

Разочарувањето на Дизни околу 5-от дел е што во САД на кино-благајните филмот заработи само 172 милиони долари на буџет од 230 милиони долари. Бројките Дизни и понатаму ги смета за неуспех иако заедно сосе светските кино-благајни филмот донесе 788 милиони долари, (или ако ви е полесно за перцепција – им остануваат пола милијарда долари […]