Амазон сака да лансира 3.200 бродбенд сателити

Од американската федерална комисија за комуникации, Амазон побара дозвола за лансирање во орбитата на точно 3.236 сателити кои се дел од нивниот амбициозен Куипер проект кој на милиони луѓе ширум планетата треба да им понудат брз сателитски интернет. Во моментов, 3,8 милијарди луѓе немаат пристап на интернет, меѓу нив 21,3 милиони Американци. „Мисијата на Амазон е […]

Америка ќе дозволи хакирање на хакерите

Active Cyber Defense Certainty Act (скратено: ACDC) ќе им дозволи на жртвите на хакерски напади сами да ги бркаат и рушат напаѓачите влегувајќи во системите за кои се сомневаат дека се извор на нападите.  Сегашните закони забрануваат таква потера на своја рака и гонењето на хакерите им е дозволено само на неколку владини служби и […]

Како да не спречиш сајбер-војна со Русија

Трамп инстантно негираше тоа што го објави Њујорк тајмс, меѓутоа остануваат неговите одлуки за константно зголемување на овластувањата на Сајбер командата, на која повеќе не и треба дозвола од останатите агенции пред да започне хакерски напад, што беше ограничување воведено од Обама. На страна тоа што Трамп го збори, неговиот советник за национална безбедност, Џон […]

Тинкспот, веб-платформата на Џордан Питерсон против цензура

Намерата на Питерсон е да направи алтернатива на Патреон, он-лајн сервисот за донации што го користат голем број Јутјубери (и останати автори на содржини на интернет), кој изминатава година одлучи да банира неколку десничарски ликови и да им го ускрати финансирањето. Сличен проблем популарни (крајно) десничарски ликови имаат и на Јутјуб, од каде се избркани […]

Американците активно работат на хакирање на руската електрична мрежа

Не се знае точно до каде е стигната оваа инфилтрација и што точно може да постигне малверот. Поагресивните напади на руската електрична мрежа се овозможени со законот од 2018 кој дозволува тајни онлајн кампањи за „одвраќање, заштита и одбрана против“ сајбер-напади без за тоа да биде потребно одобрение од претседателот. Токму заради ова се верува […]

Чернобил и инфлуенсерското право на селфи

ХБО имаше крајно успешна и изнафалена мини-серија „Чернобил“ по која популарноста на локацијата на нуклеарната катастрофа доби неверојатен раст што донесе (да речеме) наезда на туристи, а кај ги има нив ги има инстаграмџиите. Сите посетители се водат како туристи бидејќи забранетата зона околу Чернобил уште во 2011 беше отворена за луѓе од надвор, и […]

Тага инфлуенсерска

Станува збор за 18-годишната девојка што на Инстаграм се води како @Arii, која во пост, што сега е веќе избришан, опишува како е разочарана од целата работа и како слабата продажба “и го скршило срцето“, и заради тоа и нејзината соработка со компанијата е ставена под знак прашање. Во постот детално ги опишува сите маки […]

4чан тргна да им го одмилува хаштагот на Американците

Повикот прв пат е објавен на /pol/ на 4чан (/pol/ се однесува на „politically incorrect“) и во него се бара знакот за хаштаг „#“ да почне да се користи како свастика во мемињата и општо на социјалните медиуми. Кампањата ја тераат под насловот „Bash the Hash,“ изваден од анти-фашистичкиот термин „Bash the Fash,“, а крајната […]

КросФит фати уџум од Фејсбук

Чашата ја има прелеано одлуката на Фејсбук без никакво предупредување и објаснување да ја избрише групата „Banting7DayMealPlan,” друштво кое промовира конзумирање храна што е можно поблиска до нејзината природна форма, без процесирања, подобрајзери и засладувања. Фејсбук подоцна ја врати групата во живот но КросФит веќе се решиле дека е доста со матните игри на платформата, […]

Амазон ги порази јужноамериканските влади и им го собра домејнот

Аргументот на 7-те јужноамерикански влади кои се членови на Пактот за амазонска соработка (АКТО), е дека името се однесува на географскиот регион и затоа треба ним да им припадне. И покрај ова телото што ги контролира топ-левел домејните на светско ниво ИКАНН (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers) реши дека неодамнешните услови за компромис […]