Светски ден на населението: Многу сме

За светски ден на населението првпат стана збор во 1987 година, кога популацијата само што ја надминува бројката од 5 милијарди. 2019-та ја дочекуваме со 2,7 милијарди луѓе повеќе, односно нè има вкупно 7,7 милијарди, Според проекциите, до 2050 ќе бидеме близу 10 милијарди луѓе. Експанзијата на населението е еден од најголемите предизвици на овој […]

Апс за педофилскиот пријател на Трамп и Клинтон

На финансиерот Џефри Епстин (66) ова и претходно му беше ставано на товар но успеваше да избегне сериозни казни заради добрите врски и познанства, на пример со обвинителот од Флорида кој во меѓувреме стана американски министер за труд. Пред 11 години избегна судење и можна доживотна казна откако призна помало дело – користење сексуални услуги […]

Тинејџерски самолет преку континентот

Група од 20 јужноафрикански студенти од различен бекграунд успеале да склопат четворосед од типот Слинг-4 и дел од нив со него да минат вкупно 12.000 километри, прелетувајќи ги Намибија, Етиопија, Занзибар, Танзанија и Уганда. Пилотирала 17 годишна девојка. „Целта ни беше да покажеме дека сè може да се постигне ако добро си го наштимаш паметот,“ […]

ЛГБТ во САД победија, само уште активистите да го дознаат тоа

На настан организиран од страна на Националниот ЛГБТ таск форс во Вашингтон, опишан како „најзначајна конференција за раководење и градење вештини за социјална правда на ЛГБТ движењето“ коментаторот на Атлантик се соочил со необични теми. „Слонот во чекалница: љубовта кон самиот себе, здравјето и прифаќањето на квир дебелината“ бил насловот на една од работилниците. „Колонијата […]

Програмерите на срушените авиони, Боинг ги плаќал 9 долари на час

Софтверот на Боинговиот 737 Макс е полн со проблеми кои авионите од оваа серија уште долго ќе ги држат приземјени бидејќи американските регулатори оваа недела открија нова грешка. Искусните инженери на компанијата велат дека изворот на проблемите лежи во фактот  што софтверот за Максот бил развиван и тестиран во време кога фирмата правела сè во […]

Италијанската планина мермер од 1 милијарда долари

Каменоломите во Карара се во погон уште од времето на антички Рим и од тогаш не се престанати со ископување. Со такво педигре има глобална побарувачка за производот, која почна да ги вознемирува локалците, дека ќе доведат до срамнување на тамошните планини, а со тоа и комплетно чистење на залихите. Топ три увозници на мермерот […]

Вест од културата која звучи како да е од друга планета

Сер Марк Рајленс даде отказ во Ројал Шекспир Компани заради примање спонзорство од БП. Смета дека е неморално таква куќа на уметноста да влегува во спонзорски дилови со компанија зад која се влечат многу еколошки контроверзи и која се сомничи дека донирањето во културата и уметноста ѝ служи само за да ги маскира и ублажи […]

Ако стане прежешко, ќе се пукаме

Ваквиот заклучок од студија објавен во магазинот Nature е синтетизиран од проценките на 11 влијателни експерти за клима и за конфликти од различни академски инстанци, од Осло до Стенфорд. Во последните 100 години, климатските промени имале улога во само 5 проценки од воените конфликти. Но, кога просечните температури ќе достигнат плус 2 степени од прединдустриското […]

Мобилните го намалија криминалот?

Нова интригантна теорија вели дека доаѓањето на мобилните телефони ја релативизирало важноста на територијата и цената на нејзиното држење (бранење/освојување) од страна на ривалските урбани банди. Тоа довело до намалување на нивните насилни конфликти и притоа им ги намалило профитите од продажба на дрогите.  Според проценка на двајца американски истражувачи кои се потпирале на официјални […]

Затвореници ќе го берат англиското овошје после брегзит

Владата планира да ги олабави правилата за да дозволи повеќе затвореници да се фатат за работа додека ја издржуваат казната и да ја пополнат дупката во работна рака која се очекува да се создаде после Брегзит и заминувањето на сегашните наемни работници од посиромашните земји од ЕУ од британските плантажи и овоштарници. По сегашните правила, […]