Колеги, не се мачете во наше име

Се работи за една вест која ја имаше на десетина медиуми, дека ќе немало јазична полиција ни во Македонија ни во Грција за спроведување на Преспа (леле, што ќе правиме со толкава слобода!) ама нас како камче во кондура нè нервира еден друг детал кој медиуми од различна политичка матрица, на чудесен начин го дефинирале […]

Апсете ја Ванковска!

Колку што видовме летајќи низ огромната количина секакви емоции предизвикани од трагедијата со автобусот, тие три збора на професорката предизвикаа реакции, анализи и дебати повеќе отколку трите збора на Мартин Лутер Кинг (1. ај. 2. хев. 3 дрим). Една неподнослива бучава во моменти кога на најблиските им треба мир за да побараат спокој. „Дојдовме дотаму […]

Пасаран, пасаран…

Човек лесно може да ги види небулозите во исходот на конкурсот на министерството за култура и лесно да се согласи со оние кои деновиве дигнаа глас дека распределбата е лоша, скандалозна, дека не може вака, дека но пасаран…. Ама па, да ѝ текнеше на таа сива (едно време привремено шарена) еминенција на македонската култура дека […]

Маматамамина

Ама, што е алтернативата? гласи омиленото прашање на апокалитичните јасновидци. Ебем ли га, не една, многу ги има. Еве, да не биде баш Љубе советник за странски инвестиции, да не се остава најболното министерство цели четири месеци обезглавено зашто Таравари се мисли дал ваму дал таму, иновации да не бидат печатници и рачна изработка на […]

Видлива и невидлива Македонија

Од она што го видовме на Телма со Заев, Шеќеринска и Османи, они шибаат накај права бурлеска. Во тоа законите најпросто им пишува дека треба да излезат 50% плус еден човек и позитивно да гласаат 50% плус 1 човек од тие што излегле. Ама не. Они би сега, ако може, да воведат скроз нов и […]

Ја тебја рубљу

Ванчо Орданоски (на твитер @Mindplumber) е наш стар пациент. За да ни верувате за таа досадна опседнатост, своевремено објавивме и една преписка со него, уште од Он.нет. Во времето на вмро им беше лесно да си ја објаснуваат својата блесава завист. Овие мора да земаат пари од вмро, како инаку!? Сè ќе помислат, само дека […]

Преписки со нормални читатели

  Драг Б., Во многу работи се согласувам со погледите од твоето писмо кое е питомо и разумно. Од друга страна, една од причините кои нè доведоа до ова дереџе е сè поголемата и помалигна опседнатост со политиката. Сè повеќе луѓе, сè помалку се бават со своите животи (и својот придонес ем за своето ем […]

Како за фотка од Џони ни побараа 5.000 евра?

Пред некое време на српски портали (види кај Петар Луковиќ) се пишуваше за своевидна фото-мафија, кои смислиле згоден начин да изнудуваат лесни пари од медиуми: заштитиле некои свои фотографии и после чекаат некој да се цапне и да објави нешто од тоа за да го тужат и да бараат баснословни суми за отштета. Обично се […]

За ланските снегови на Климентина

Нема да кажеме дека „социјалните мрежи вријат“ или дека „Фејсбук и Твитер се разбрануваа“ пошто тоа се глупи формулации што им служат на мрзливи новинари за да постават прашање (aко решиш да имаш само 12 ФБ-френдови, ништо не врие, верујте). Но факт е дека преку тие мрежи некако одново се актуелизира содржината на книгата „Снеговите […]

За нашата уредувачка политика во 2016-та

Фактор:  По отварањето на случајот „Пуч “, објавивте репринт на своја колумна од пред 10 години бранејќи ја владејачката гарнитура. За собранискиот инцидент од 24 декември објавивте текст за наводно сличен настан од пред 20 години. Зошто се обидувате да ги релативизирате состојбите во Македонија? Трендо: За да ги заебавам оние кои сакаат да апсолутизираат. […]