„ВЕЛОСИПЕДСКИ ДНЕВНИЦИ“ од Дејвид Брн

Но има и такви кои не чекаат пролет за да возат точак низ град, кои тоа го прават и по дожд, ветер и снег, не затоа што така мораат, туку затоа што така сакаат. За нив возењето велосипед е начин на живот, миг на слобода, тие се слаба но жилава алка во синџирот на суровата […]

„ВОДНИОТ КОЊ“ од Дик Кинг-Смит

Нека ме демантира некој кој има деца во основно, ама според она што го гледам на рафтовите во книжарниците меѓу периодот на боенките и сликовниците, па до првите посериозни, средношколски потраги по книжевна и животна смисла, има голем јаз. Времето како да застанало некаде кај Хајди и Том Соер, а детски книги кои би биле […]

„МИЛИНА“ – избор македонска љубовна поезија

Можеби повеќе од сето останато, за нас зборува начинот на кој сакаме. Во омразата како да сме послични – воедначени и стандардни. Во љубовта секој е свој. „Ти не умееш да се сакаш”, пишуваше Васко Попа, втемелувајќи го во аналите на поетската дијагностика недостатокот на способноста да се љуби. Човекот што не може да мрази […]

„СОПАТНИК НА РАДИКАЛНИОТ МИСЛИТЕЛ“ од Алек Попов

Случајните средби во и преку литературата се исто толку скапоцени колку и во животот – да налеташ на добра книга од тепка е исто толку (не)веројатно колку и да склопиш трајно пријателство со некој кој чека ред пред тебе на шалтер. За склоните кон детерминизам ваквите настани всушност и не се случајни и, да, требало […]

„ФРЕНИ И ЗУИ“ од Џ. Д. Селинџер

За автори кои во подоцнежните години од нивниот живот се повлекле од јавната сцена, а доживеале длабока старост, тоа и не е толку чудно – и за Леви-Строс, кој доживеа стотка, додека умре не знаевме дека до скоро бил жив. Сепак случајот со Селинџер е малку специјален. До почетокот на педесетите, кога започнува неговото повлекување, […]