НАШ ЧОВЕК НА ТЕРЕНОТ од Роберт Перишиќ

Има еден роман на Греам Грин од 1958, „Наш човек во Хавана”, во кој продавач на правосмукалки одлучува да ја прифати понудата на британската тајна служба, да биде нејзин агент на Куба. Во недостаток на вистински информации, тој во извештаите испраќа цртежи од делови од правосмукалки, претставувајќи ги како скици на тајни воени инсталации. Неговиот […]

„ДИЈАЛЕКТИКА НА ПРЕОДНИОТ ПЕРИОД“ од Виктор Пељевин

Но зошто да се ограничуваме со етикети, кои и онака не се доволни за да се опише начинот на кој пишува (а веројатно притоа и мисли) некој како Пељевин. Самиот наслов на неговиот расказ, Македонска критика на француската мисла, содржан во збирката „Дијалектика на преодниот период” беше доволен да нè натера да почнеме истиот да […]

„СЛОБОДА“ од Џонатан Франзен

Обама со време си побара копија и си ја читкаше за викенд, опишувајќи ја како „прекрасна”. Опра престана да му се лути на „снобот” кој одби да биде застапен во нејзиниот книжевен клуб со претходната книга, затоа што не му се допаѓало друштвото на патетични и едно-димензионални автори и, овој пат на взаемно задоволство, го […]

„Мајки“ од Милчо Манчевски

Турата ја нарековме „фројдовска”, заради живописните имиња на посетените села – Долно Дупени, Подмочани, Наколец. Но требаше да дојдеме во Курбиново (nomen est omen?) за да го доживееме зен моментот, кој од тогаш влезе во аналите на македонската етнологија. На дрвена клупа пред нејзината куќа седеше баба во црнина, замислена, со прекрстени раце и без […]

„ФО“ од Џ. М. Куци

Немаше ни потреба да се гледа некоја од бројните филмски екранизации за да се визуелизира разгазениот песок, и да замисли ужасот на робинзоновата двојба – добро ли е или не е да не сте сами во вашата осама? Тој, „другиот”, пријател е или не? До кога може да се игнорира туѓото присуство, да се трга […]

ЛЕНОН на 70

Косата, иако обелена и разретчена кај тилот, се уште ќе му беше долга, а торзото полно лузни – спомени од онаа ноќ кога пред скоро триесет години тим хирурзи од болницата Рузвелт херојски му го зашија телото, распарчено од пиштолот на Марк Чепмен. Се уште ќе соработуваше со Макартни и Оно, но и со помладите […]

„КРАЈОТ НА ЕДНА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА“ од Греам Грин

Во фаталните љубовни приказни тој се насетува уште пред нештата да се случат – сè ви вели да се свртите и да заминете, но нозете ви тежат, телото ви се поддава, а умот ви се мати. Наскоро сте толку длабоко нурнати во врската, што вие и Тој (или Таа) од неа правите своја еколошка ниша, […]