„ПРОТИВ СРЕЌАТА: ПОФАЛБА НА МЕЛАНХОЛИЈАТА“ од Ерик Г. Вилсон

„Море марш таму!”, изнервирано реагира Вилсон, во неговиот богохулен манифест против среќата, онаква каква што ја конструира, проповеда и продава глобалниот капитализам. На прагот сме на уништување на озонската обвивка. За само еден човечки живот нашата негрижа за природата има доведено до работ на истребувањето стотици животински видови. Но, она што сигурно ќе нè дотолчи како […]

Ренато Баретиќ: „ВЕТУВАМ – НА 80. ЌЕ ОДАМ ВО ЈАВНА КУЌА“

Низ приказната за созревањето на десетгодишниот Филип, во јавната куќа која ја држат неговите родители на хрватското крајбрежје, Баретиќ зборува за општествената стварност низ која дефилираат мафијаши, проститутки, политичари и – блогери. Објавувајќи делови од романот онака како што настануваат на туѓ блог, писателот под никот Кондолизо експериментира со суптилната граница помеѓу стварноста и текстот. […]

„ФИНКЛЕРОВОТО ПРАШАЊЕ“ од Хауард Џејкобсон

– Како гласи итна еврејска телеграма?– „Почни да се грижиш. Деталите следат.” – Што е дефиниција на „еврејска дилема”?– Свинско на намаление. – Што е разликата помеѓу пит бул и мајка Еврејка?– Пит булот кога-тогаш попушта. Пред да нè обвините за ширење расистички стереотипи камуфлирани во вицеви, да се разбереме – најголемата заслуга за настанувањето […]

ОДБРАНИ ДЕЛА од Бранимир Џони Штулиќ

Ветување на заокруженост и конечност. Како одело за свадба, покриено со најлон. Последни вакви комплети на кои се сеќавам беа оние од Толстој и Достоевски, кои се купуваа како аксесориз на секој поголем регал. Кај продавачите на стари книги уште држат цена – „како нови се”, ве убедуваат, покажувајќи ги на места слепените страници, кои […]

„Милијардата на дното” од Пол Колиер, гостин уредник: НОВИЦА НАКОВ

Во ова издание на Букбокс гостин ни е Новица Наков, економист, член на македонската заедница за слободен софтвер, кој сакаше да биде претставен на следниов начин: „живее во Скопје, а кога не оди на работа чита книги прави домашно пиво”. За книгите се разбравме, остана уште само пивото… Следи осврт и краток извадок од „Милијардата […]