„Џони Кеш: гледам мрак“ – графичка новела од Рајнхард Клајст

Да беше Џони жив на денешен ден ќе наполнеше 79. По примерот на некои негови колеги, на тие години можеби уште ќе одржуваше концерти, па токму со оваа антологиска најава ќе ја започнеше свирката во Универзална или, согласно неговите легендарни настапи по казнено-поправни институции, во Идризово или Шутка. Јас ќе бев во првите редови и […]

НОБЕЛОВЕЦОТ НАГИБ МАХФУЗ И СОВРЕМЕНАТА ИСТОРИЈА НА ЕГИПЕТ

Тоа е веројатно „проклетство” на сите слични туристички дестинации, чија атрактивност се базира на древната историја – нивната современа општествена ситуација за туѓинците избива во прв план само кога актуелните политички нереди ќе застанат на патот на уживањето на плажите на Шарм ел Шејк, или пустините на Сахара. За што ли се бунат овие луѓе […]

КОГА ПИСАТЕЛИТЕ ЌЕ ГО ДИГНАТ…ГЛАСОТ, или: дали Јерговиќ по националност е „контроверзен“?

Не дека нашите писатели се крајно неконфликтни и еснафски сплотени, па немаат за што да си префрлат или да дебатираат. Но дури и кога јавно реагираат на некоја тема таа најчесто нема врска со литературата, а до нивното име не стои „писател”, туку некоја друга професија од која го заработуваат лебот. Отсуство на муабет на […]

Moргенштерн и Гедел, гостинка уредничка: Јасна Котеска

Поврзувајќи ги навидум изолираните светови на математиката, сликарството и музиката, книгата, која ја доби Пулицеровата награда во 1980, е опишана како „метафорична фуга за познанието во духот на Луис Керол”. Тоа индиректно значи дека за да ги разберете сите игри на зборови, автореференцијални „лупови” и логички загатки, како и нивната врска со тројцата наведени, треба […]