„ПРОДАВНИЦИТЕ СО БОЈА НА ЦИМЕТ/ САНАТОРИУМОТ ВО ЗНАКОТ НА КЛЕПСИДРАТА“ од Бруно Шулц

Некаде на тој пат, на наша среќа, застана на неколку години и во Македонија, живеејќи во спокојната атмосфера на една барака, истата онаа каде некогаш живееше Конески. Со Каша можете да пливате во шумските езера на Мазурија, да пазарите на бувљак во Женева, да пиете чај во стара чаршија, да зборувате за Шимборска, Гоја или […]

„ПРОБЛЕМОТ НА ИРОНИЈАТА“ од Џонатан Лир

„Па..”, вели таа, „не можам баш да ја дефинирам, ама кога ја има, ја препознавам”. Моќта на интуитивното регистрирање на иронијата, и нејзиното прецизно издвојување од широкиот спектар на реторички алатки, е сепак преценета. Често пати како иронични толкуваме изјави и ситуации кои воопшто не се такви, барем според академската дефиниција на иронијата, која вообичаено […]

„ВАЛДЕН“ од Хенри Дејвид Торо

Ненавлечен на вестите на МТВ, муабетите на Скајп и хамбургерите во Мекдоналдс, па уште и без жена потенцијално склона кон импулсивен шопинг во Манго, тој имал релативно лесно остварлива идеја – да се засолне од цивилизацијата на две години, два месеца и два дена во колиба кој самиот ја изградил крај езерото Валден, близу Конкорд, […]

ПОЕЗИЈА од Милан Младеновиќ

Дремејќи во ординацијата за физиотерапија дур некакви инфра-црвени зраци ми лазеа по вратот и кичмата (нека не ве лажат, седењето пред компјутер е тешка физичка работа..), почнав да чепкам по блиските полици – меѓу анатомските атласи и старите броеви на женски списанија налетав на „Дечак из воде”, биографската и поетска збирка издадена по смртта на […]

„ПРАШКИ ГРОБИШТА“ од Умберто Еко

Ова го вели Еко за неговиот најнов роман, со познатиот арогантен тон, кој и му приличи на еден 79-годишен универзитетски професор по семиотика, со домашна библиотека од над 50,000 книги, експертско познавање на средовековна Европа, статус на поп-икона во литературата дури и кај оние кои никогаш не го читале, и последно но не и најмалку […]

„ЧИСТА АНАРХИЈА“ од Вуди Ален

Тогаш, во растојание од неколку дена, ми се случија две клучни естетски доживеалици – го гледав Топ Сикрет на браќата Цукер, а потоа од библиотеката „Браќа Миладиновци” ја позајмив Нуспојави на Вуди Ален. Комбинираниот ефект кој врз мене го имаа овие дела и автори беа одлична подготовка за животните предизвици кои следеа. Апсурдноста на животот […]