Code App, Level Up

На работилницата учество ќе земат веќе избрани студенти од Европа (од мрежата на EESTEC) и локални студенти од УКИМ, за кои пријавувањето е во тек. Работилницата има за цел да обезбеди бесплатни обуки од областа на креирање мобилни апликации на трите водечки платформи: Android, iOS и Windows Phone/Windows 8. Обуките ќе ги вршат специјализирани предавачи […]

Што е Арап без мустаќи

Ова прашање е толку сериозно што еден турски хирург неделно прави меѓу 50 и 60 трансплантации на мустаќи, на муштерии од земјата и од Средниот Исток. Процедурата на др. Селадин Тулунај вклучува вадење на парче со влакна од други делови на телото и нивно пресадување на местото за мустаќи. Пресадувањето се прави со локална анестезија, […]

Формула 1 сезоната низ бројки

1 – само една 1-2 победа беше забележана оваа сезона. Фетел победи, а Вебер заврши на втората позиција во Јужна Кореја. 3 – тима не освоија ниту еден поен: Катерхем, Хиспанија и Марусија. 4 – победи е најдолгата победничка серија во сезоната. Фетел победи во Сингапур, Јапонија, Јужна Кореја и Индија. 8 – различни победници: […]

Сиктер ќотек

Повеќе од 6 месеци, градежна компанија од провинцијата Хебеи се обидува да го натера 38-годишниот Шен Џианжонг, да ја продаде неговата куќа, која им пречи во нивниот проект за градење на нов град. Она што не го знаат е дека Шен повеќе од 20 години тренира кунг фу, а е запослен како тренер во локалниот […]

Убавината на планираните градови

Некои се изградени како нови престолнини на една држава, други за сместување на работници во некоја оддалечена нуклеарна електрана, некои за да се смири судирот меѓу два града кандидати за главен град (Канбера е изградена како решение на спорот меѓу Сиднеј и Мелбурн, кој да биде главен град на Австралија). Brasília, Brazil Canberra, Australia Palmanova, […]

Пирло не е ни во најдобрите пет

Уште од поодамна се поодамна се претпоставуваше дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе бидат во финалниот избор за Златната топка на ФИФА, а непознато беше само името на третиот фудбалер кој конкурираше за признанието за најдобар во светот во 2012-та година. Помеѓу кандидатите за кои многумина типуваа дека ќе се најдат на таа трета […]

Психијатар ќе го оправа Ливерпул

По 14 одиграни кола во Премиер лигата, екипата на Ливерпул со 16 поени се наоѓа на 12-та позиција, па тренерот Роџерс очајнички се обидува да ја спаси сезоната. За таа цел тој го најми најдобриот спортски психијатер во Британија, Стив Питерс. Питерс веќе долго време работи со британските велосипедисти. Тој е заслужен за успехот на […]

Пивара за Нобел

Бор бил прилично омилен и популарен меѓу своите сограѓани, па кога бил прогласен за добитник Карлсберг му подарува куќа до самата пивара. Најдоброто околу куќата било што имала славина за пиво, која била директно поврзана со резервоар во пиварата. На страна тоа што Бор бил национална гордост, пиварата имала посебна пасија за наука која била […]

Лудите Сајмон и Шустер

Познатата Simon&Schuster, една од четирите најголеми издавачки куќи во светот кои печатат на англиски, заедно со Random House, Penguin и HarperCollins, основана 1924, ангажирала агенција за самопомош за да им смисли нов начин на работа, кој повеќе би ги мотивирала постечките вработени и би привлекла нови. Револуционерниот пронајдок на ангецијата, базиран врз бестселерот „7 навики […]

Дали стварно сме навлечени на ѓубриња?

Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, собрале 111 студенти, за да откријат зошто луѓето чии главни карактерни особини се – психопатија, нарцисизам и макевијализам – се сексуално привлечни. Прво учесниците биле фотографирани кога пристигнувале (дотерани и подготвени за интервју), а потоа во нивната природна варијанта (маичка и тренерки, а жените без шминка и фризура). […]