Барса ќе игра во легендарните дресови со кои го освоила првиот европски трофеј

Барселона заедно со нивниот спонзор Најк ја претставија гостинската варијанта дресови за сезоната 2019/2020, која што клубот ја посветил на академијата Ла Масиа, отворена точно пред 40 години.

Станува збор за жолт дрес со црвено-сини дијагонални штрафти, со V крагна и бои на ракавите: на левиот црвена боја, на десниот црвена. Штрафтите го симболизираат патот на Барселона – вредноста на клубот и неговата филозофија да се базира на деца од својата школа.

Преубав дизајн, но не е нов, затоа што Каталонците играле во иста ваква комбинација во ’70-те години, поточно во сезоните 1975/1976 и 1978/1979.

ОВОЈ ДРЕС ГО НОСЕЛ КРОЈФ

Во 1973 година Барселона го купила најдобриот фудбалер на светот Јохан Кројф за 2 милиони долари. Холанѓанецот станал и најскапиот играч на светот. Тој одамна мечтаел да се пресели во Шпанија, го барал и Реал Мадрид, но тој сакал само во Барселона. Дури и рекол дека нема да игра на Светското 1974-та ако не потпише со Барса.

Во првата сезона во клубот, легендарниот плејмејкер и помогнал на Барселона да ја освои шампионската титула – прва после 1960-та година. Таа сезона Барса го прегазила Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 5:0, после што новинарите пишувале дека Кројф за тие 90 минути му донел повеќе среќа на каталонскиот народ, отколку локалните политичари за децении борба.

Таа сезона Кројф ја добил Златната топка за најдобар фудбалер.

Првпат Барселона оваа комбинација жолти дресови со дијагонални штрафти ја облекла во сезоната 1975/1976. Тренер на клубот бил легендарниот Ринус Михелс кој се смета за основоположник на фамозната тики-така. Во тимот покрај Кројф биле и Јохан Нескенс, еден од најдобрите бекови во Шпанија Мигел, моќното крило Карлос Решак (денес директор во Барселона задолжен за трансфери), како и Перуанскиот цар со топката Уго Сотил.

И покрај силниот состав, Барса и натаму постела со трофеи. Тешко е да се поверува, но од 1960-та до 1990-та Каталонците го освоиле шпанското првенство само два пати во 1974 и 1985. Во тој период освоиле 8 Купа на Шпанија и 4 трофеи во Куп на купови.

ПРВИОТ ГОЛЕМ ЕВРОПСКИ ТРОФЕЈ

По сезоната 1975/1976, жолтиот дрес со штрафти го тргнале од употреба, но го вратиле после три години, во сезоната 1978/1979 кога Каталонците го освоиле Меѓународниот Куп на самески градови кој УЕФА денес не го признава како официјален под нивна закрила.

Кројф во тоа време веќе не бил во Барса, а наместо Михелс играл Лусиен Милер.

Откако го освоила Купот на Шпанија во 1978 година, Барса добила право да учествува во Купот на Куп победници кој се играше до 1999 година. Во првата рунда го поминале Шахтјор, а во второто коло на гости против силниот Андерлехт примиле три гола. На реваншот се случило чудо (remontada), Барса го израмнила вкупниот резултат во основното време и поминала понатаму на пенали.

Во четвтрфинале Барса го поминала Ипсвич, а во полуфинале се сретнале со белгиски Беверен кој тогаш во составот имал неколку полу-професионални фудбалери (пожарникари, полицајци и келнери по професија), но тоа не им сметало да го елиминираат славниот Интер претходно.

Полуфиналето го решиле два пенали: на домашен терен од 11 метри сигурен реализатор бил Решак, а на гостински од пенал дал гол Ханс Кранкл.

финалето кое се играло во Базел пред 58.000 гледачи било спектакуларно. Барса против Фортуна Дизелдорф три пати поведувала, Германците дури три пати се враќале за на крајот шпанскиот клуб да слави со 4-3 во продолженијата.

До првата следна победа во Лига на шампиони чекаа 13 години, а до враќањето на жолтата боја со дијагонални штрафти цели 40 години.

Светски ден на населението: Многу сме

За светски ден на населението првпат стана збор во 1987 година, кога популацијата само што ја надминува бројката од 5 милијарди. 2019-та ја дочекуваме со 2,7 милијарди луѓе повеќе, односно нè има вкупно 7,7 милијарди, Според проекциите, до 2050 ќе бидеме близу 10 милијарди луѓе.

Експанзијата на населението е еден од најголемите предизвици на овој век. Фактори има доста но како клучни се сметаат неписменоста и сиромаштијата. Се разбира, голема улога има и намалената смртност односно продолжениот животен век на човештвото. Во периодот меѓу 1800 и 2005 година, очекуваното траење на животот е зголемено од 30 на 67 години. 

Се очекува само Европа и Латинска Америка да ја дочекаат 2100-та а година со помалубројно население. Стариот континент шпицот треба да го постигне за две години, кога ќе брои 748 милиони луѓе (како се мисли после 2021 бројот да паѓа, нејасно).

Кина останува најбројна, но за малку и не за долго. Таа има 1.392.850.000 жители што е 18,2% од вкупното население на светот. Но истовремено, тоа е само 59 милиони луѓе помалку од Индија која брои 1.334.140.000 жители и се очекува многу бргу таа да стане најбројната држава во светот.

Следат САД со 327.454.000 жители. Со повеќе од сто милиони луѓе се Индонезија,. Пакистан, Бразил, Нигерија, Бангладеш, Русија, Јапонија, Мексико, Етиопија и Филипини.

Жесток судир меѓу навивачи на Краковија, Ајакс и Левски Софија

Полицијата на крај уапсила 80-ина навивачи од сите страни:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

In Bratislava, Cracovia Krakow + Ajax vs. Levski Sofia

A post shared by správce3 (@hooligans.cz) on

Левски е казнет со два натпревари без публика на домашен терен, а првиот ќе биде реваншот со Ружомберок. Казнети се поради инцидентите на мечот против Вадуц минатата година во квалификации за ЛЕ. 

Koга авангардниот композитор Шенберг смислил симболи за тениски натпревари

Еден од оние уметници кои на прв поглед не би требало да имаат никаква врска со спорт, а уште помалку со тенис, е Арнолд Шенберг, еден од најзначајните и највлијателни композитори на 20 век. Но тој до зрели години продолжил не само да создава иновативна музика, туку и да минува време на тенискиот терен.

Роден во Виена, тој подоцна се преселил на вистинското иместо за да ужива во оваа игра: јужна Калифорнија, каде избегал во 1933, откако станало јасно дека неговата татковина наскоро ќе стане лошо место за живеење на оние кои како него имале еврејско потекло. Иако не можеле повеќе уметнички да се разликуваат еден од друг, Шенберг и Џорџ Гершвин спортски ги поврзувал токму тенисот.

Нивен заеднички пријател, композиторот Алберт Сендри, оставил детален опис на еден од мечовите помеѓу тогаш 38-годишниот Гершвин и 62-годишниот Шенберг, споредувајќи го нервозниот, неуморниот и витешки настроениот Гешрвин кој „играл за публиката“, со амбициозниот Шенберг кој сепак „имал научено да се изолира од јавното мнение“. Сите паралели во однос на музичкиот стил на обајцата се секако целосно случајни.

Но имало уште една работа која го фасцинирала постариот композитор, а која имала врска со интелектуалната страна на тенисот. Кон крајот на животот, тој измислил облик на бележење на тениските натпревари, кого го користел за анализа на мечевите на неговиот син-спортист, Роналд.

Како што се гледа на сликата горе, симболите наликуваат на оние на одредени танцови нотациски системи, и потсетуваат на движењата на нозете при некои потези. Во идеален случај, овие белешки на оној кој ги разбирал симболите требало да му прикаже тениски натпревар онака како што со други симболи се обележува шаховски меч. Сличен систем Шенберг направил и за шахот, но за верзија од четири играчи на десет квадрати, и со нови фигури како авиони, тенкови и подморници. Играта требало да се вика „коалициски шах“ и да претставува судир на супермоќни држави. За жал ниту неговите тениски симболи, ниту шаховската верзија, не фатиле корен. Од друга страна, човекот кој бил пионер во додекафонијата никогаш и не сметал на широка прифатеност на што и да е што го измислил.

извор