/  Вести  /  Интернет

Амазон ги порази јужноамериканските влади и им го собра домејнот

Аргументот на 7-те јужноамерикански влади кои се членови на Пактот за амазонска соработка (АКТО), е дека името се однесува на географскиот регион и затоа треба ним да им припадне. И покрај ова телото што ги контролира топ-левел домејните на светско ниво ИКАНН (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers) реши дека неодамнешните услови за компромис […]

Аргументот на 7-те јужноамерикански влади кои се членови на Пактот за амазонска соработка (АКТО), е дека името се однесува на географскиот регион и затоа треба ним да им припадне.

И покрај ова телото што ги контролира топ-левел домејните на светско ниво ИКАНН (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers) реши дека неодамнешните услови за компромис предложени од Амазон се најприфатливо решение бидејќи двете страни не можат да дојдат до заеднички прифатливо решение.

Она што Амазон го предложи во април месецот е (откако ќе го добие .amazon топ-левел домејнот) на него да не вклучува домејн имиња со „примарно или добро познато значење за културата и наследството на регионот Амазонија“. Компанијата понуди да го блокира користењето на околу 1.500 такви чувствителни имиња. Тие понудија и дополнување на оваа листа со термини во следните 2 години, што би било надгледувано од заедничка комисија.

Притоа членките на АКТО не би имале право на вето на конкретни имиња, бидејќи тоа ќе им даде „овластување врз глобалните одлуки за брендирање на нови и се уште не пуштени производи и сервиси на Амазон.“

За бразилското министерство за надворешни работи (Бразил го има најголемото парче од Амазон) предлогот на Амазон „не ги зема предвид важните проблеми“ нагласени од АКТО.

„Загрижувачки е што одлуката на тој ентитет не успеа соодветно да го земе предвид јавниот интерес идентификуван од осумте влади, посебно потребата да се заштити природното, културното и симболичното наследство на државите и народите од амазонскиот регион,“ се порачува во изјавата од министерството.

Кога Амазон во 2012 се обиде да го регистрира .amazon, земјите од амазонскиот регион се побунија против ваквото барање. Тогаш ИКАНН реши дека членките на АКТО ќе мора да преговараат со американската компанија и да постигнат меѓусебен договор. За тамошните влади ова претставуваше „монопол на една компанија“ и „апропријација“ на „географски имиња од држави, без нивна согласност“. Тие бараа на земјите да им биде дозволено да учествуваат во управување со домејнот.

За време на преговорите, Амазон се обиде да ги подмачка владите на Бразил и Перу, кои го предводеа отпорот на АКТО, со 5 милиони долари во Киндл уреди и Амазон веб сервиси.

Крајната позиција на Амазон беше дека компанијата не може да ја сподели сопственоста или менаџментот на .amazon, што беше предлог на Бразил, бидејќи „брендот мора континуирано да контролира како нивната трговска марка се користи во однос на нивниот бизнис.“

****
– Амазон си го бара името

Речник

Најчитани

Амазон ги порази јужноамериканските влади и им го собра домејнот

Аргументот на 7-те јужноамерикански влади кои се членови на Пактот за амазонска соработка (АКТО), е дека името се однесува на географскиот регион и затоа треба ним да им припадне. И покрај ова телото што...