Апс за педофилскиот пријател на Трамп и Клинтон

На финансиерот Џефри Епстин (66) ова и претходно му беше ставано на товар но успеваше да избегне сериозни казни заради добрите врски и познанства, на пример со обвинителот од Флорида кој во меѓувреме стана американски министер за труд. Пред 11 години избегна судење и можна доживотна казна откако призна помало дело – користење сексуални услуги […]

На финансиерот Џефри Епстин (66) ова и претходно му беше ставано на товар но успеваше да избегне сериозни казни заради добрите врски и познанства, на пример со обвинителот од Флорида кој во меѓувреме стана американски министер за труд.

Пред 11 години избегна судење и можна доживотна казна откако призна помало дело – користење сексуални услуги од малолетнички. Се договори со обвинителот Акоста и помина 13 месеци во затвор, со тоа што шест дена во неделата излегувал надвор по 12 часа дневно, затоа што имал работа.

Според новото обвинение, му биле подведување девојчиња главно од источна Европа на кои им било ветувано дека ќе добијат меѓу 200 и 300 долари ако го измасираат Епстин, по што тој сексуално ги малтретирал.

Епстин има мрежа од познати и влијателни пријатели, меѓу кои се британскиот принц Ендрју, сопственикот на Викторија Сикрет Лекс Векснер, а според пишувањата на Мајами Хералд, некогашниот шеф на Белата куќа, Бил Клинтон, често се возел со приватниот авион на њујоршкиот милијардер кој редовно донирал пари во Клинтоновата фондација. Постојат фотографии на кои позираат со Трамп на неговиот имот Мар-и-лаго на Флорида, едно од неговите омилени места за  „масирање“.

„Супер дечко, многу е забавен и сака жени исто како мене, од кои добар дел од нив се доста млади“, има кажано Трамп за Епстин во 2002 година.

Постојат сомневања дека Епстин има врбувано стотина девојчиња на возраст од 13 до 16 години.

Речник

Најчитани

Апс за педофилскиот пријател на Трамп и Клинтон

На финансиерот Џефри Епстин (66) ова и претходно му беше ставано на товар но успеваше да избегне сериозни казни заради добрите врски и познанства, на пример со обвинителот од Флорида кој во меѓувреме стана...