Аргумент против задолжителните летни лектири

Колку што е проблематичен просек, толку е попроблематично што тој се зголемува колку е посиромашно детето. Задолжителните лектири за време на летниот распуст се едно од решенијата за да се спречи губење на направениот прогрес. Проблемот е што најчесто давањето лектири останува на делење на списокот на книги во јуни. Др. Ерин Кели од Медицинскиот […]

Колку што е проблематичен просек, толку е попроблематично што тој се зголемува колку е посиромашно детето.

Задолжителните лектири за време на летниот распуст се едно од решенијата за да се спречи губење на направениот прогрес. Проблемот е што најчесто давањето лектири останува на делење на списокот на книги во јуни.

Др. Ерин Кели од Медицинскиот центар на Универзитетот на Рочестер, почнува серија на експерименти со деца од сиромашни семејства, во кои од учителите од неколку локални училишта бара да не им даваат на учениците список на книги за читање, туку да ги остават сами да одберат што ќе читаат.

Во испитувањето, за едно одделение бил организиран мини саем за книги на кој децата сами избирале од различни жанрови, а друго одделение добивало книги по пошта преку општинската програма за споделување книги. На крај од распустот, и двете одделенија имале подобри резултати на тестовите по писменост во споредба со претходната година (на соодветно потешки тестови).

Иако мала по бројност, резултатите од оваа студија одговараат со претходните истражувања на темата, кои потврдуваат дека учениците кои имаат слобода да ги изберат книгите што сакаат да ги читаат преку летото губат многу помалку (а во некои случаи и добиваат) од стекнатото знаење, отколку оние на кои им се дадени задолжителни листи со лектири.

Речник

Најчитани

Аргумент против задолжителните летни лектири

Колку што е проблематичен просек, толку е попроблематично што тој се зголемува колку е посиромашно детето. Задолжителните лектири за време на летниот распуст се едно од решенијата за да се спречи губење на направениот...