/  Offside  /  Фудбал

Барса ќе игра во легендарните дресови со кои го освоила првиот европски трофеј

Барселона заедно со нивниот спонзор Најк ја претставија гостинската варијанта дресови за сезоната 2019/2020, која што клубот ја посветил на академијата Ла Масиа, отворена точно пред 40 години. Станува збор за жолт дрес со црвено-сини дијагонални штрафти, со V крагна и бои на ракавите: на левиот црвена боја, на десниот црвена. Штрафтите го симболизираат патот […]

Барселона заедно со нивниот спонзор Најк ја претставија гостинската варијанта дресови за сезоната 2019/2020, која што клубот ја посветил на академијата Ла Масиа, отворена точно пред 40 години.

Станува збор за жолт дрес со црвено-сини дијагонални штрафти, со V крагна и бои на ракавите: на левиот црвена боја, на десниот црвена. Штрафтите го симболизираат патот на Барселона – вредноста на клубот и неговата филозофија да се базира на деца од својата школа.

Преубав дизајн, но не е нов, затоа што Каталонците играле во иста ваква комбинација во ’70-те години, поточно во сезоните 1975/1976 и 1978/1979.

ОВОЈ ДРЕС ГО НОСЕЛ КРОЈФ

Во 1973 година Барселона го купила најдобриот фудбалер на светот Јохан Кројф за 2 милиони долари. Холанѓанецот станал и најскапиот играч на светот. Тој одамна мечтаел да се пресели во Шпанија, го барал и Реал Мадрид, но тој сакал само во Барселона. Дури и рекол дека нема да игра на Светското 1974-та ако не потпише со Барса.

Во првата сезона во клубот, легендарниот плејмејкер и помогнал на Барселона да ја освои шампионската титула – прва после 1960-та година. Таа сезона Барса го прегазила Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 5:0, после што новинарите пишувале дека Кројф за тие 90 минути му донел повеќе среќа на каталонскиот народ, отколку локалните политичари за децении борба.

Таа сезона Кројф ја добил Златната топка за најдобар фудбалер.

Првпат Барселона оваа комбинација жолти дресови со дијагонални штрафти ја облекла во сезоната 1975/1976. Тренер на клубот бил легендарниот Ринус Михелс кој се смета за основоположник на фамозната тики-така. Во тимот покрај Кројф биле и Јохан Нескенс, еден од најдобрите бекови во Шпанија Мигел, моќното крило Карлос Решак (денес директор во Барселона задолжен за трансфери), како и Перуанскиот цар со топката Уго Сотил.

И покрај силниот состав, Барса и натаму постела со трофеи. Тешко е да се поверува, но од 1960-та до 1990-та Каталонците го освоиле шпанското првенство само два пати во 1974 и 1985. Во тој период освоиле 8 Купа на Шпанија и 4 трофеи во Куп на купови.

ПРВИОТ ГОЛЕМ ЕВРОПСКИ ТРОФЕЈ

По сезоната 1975/1976, жолтиот дрес со штрафти го тргнале од употреба, но го вратиле после три години, во сезоната 1978/1979 кога Каталонците го освоиле Меѓународниот Куп на самески градови кој УЕФА денес не го признава како официјален под нивна закрила.

Кројф во тоа време веќе не бил во Барса, а наместо Михелс играл Лусиен Милер.

Откако го освоила Купот на Шпанија во 1978 година, Барса добила право да учествува во Купот на Куп победници кој се играше до 1999 година. Во првата рунда го поминале Шахтјор, а во второто коло на гости против силниот Андерлехт примиле три гола. На реваншот се случило чудо (remontada), Барса го израмнила вкупниот резултат во основното време и поминала понатаму на пенали.

Во четвтрфинале Барса го поминала Ипсвич, а во полуфинале се сретнале со белгиски Беверен кој тогаш во составот имал неколку полу-професионални фудбалери (пожарникари, полицајци и келнери по професија), но тоа не им сметало да го елиминираат славниот Интер претходно.

Полуфиналето го решиле два пенали: на домашен терен од 11 метри сигурен реализатор бил Решак, а на гостински од пенал дал гол Ханс Кранкл.

финалето кое се играло во Базел пред 58.000 гледачи било спектакуларно. Барса против Фортуна Дизелдорф три пати поведувала, Германците дури три пати се враќале за на крајот шпанскиот клуб да слави со 4-3 во продолженијата.

До првата следна победа во Лига на шампиони чекаа 13 години, а до враќањето на жолтата боја со дијагонални штрафти цели 40 години.

Речник

Најчитани

Барса ќе игра во легендарните дресови со кои го освоила првиот европски трофеј

Барселона заедно со нивниот спонзор Најк ја претставија гостинската варијанта дресови за сезоната 2019/2020, која што клубот ја посветил на академијата Ла Масиа, отворена точно пред 40 години. Станува збор за жолт дрес со...