BBQ ребра

Се шетам низ маркет и го среќавам Цацо (градски лик). Низ регуларни муабети “што правиш, како правиш, што има ново” ми кажува дека ќе спрема ребра и дека едвај чека. Му велам “Одма да кажеш како ги правиш!”. Нормално, ми кажа се што требаше да ми каже и ме стави во мисла. Ребрата ги пече […]

Се шетам низ маркет и го среќавам Цацо (градски лик). Низ регуларни муабети “што правиш, како правиш, што има ново” ми кажува дека ќе спрема ребра и дека едвај чека. Му велам “Одма да кажеш како ги правиш!”. Нормално, ми кажа се што требаше да ми каже и ме стави во мисла. Ребрата ги пече 8 саати!!! Во главата си правам план кога и како да го изведам тоа. 

Убава сончева сабота. Јас со другарките на кафе, се вртат општи муабети. По некое време едната дава идеја да правиме ручек во недела. Има нова кујна, па мерак ѝ беше да ја испробаме. Сите сложно во исто време почнавме да ја поддржуваме  “да, да” “ајде бе” “што ќе се јаде” “еј, супер”… Ја велам “ми текна, ќе ги правиме ребрата.” Во истиот моент станавме и тргнавме по намирници. Во меѓувреме, почнав да сметам во колку треба да ги ставам да се печат за да бидат готови на време. Ќе се станува рано, тоа е. 

Во 9:00 бев нацртана кај нејзе и ме пречека со зборовите “Не си нормална”. Бев превозбудена! 

п.с. од превозбуденост ми фалат некои слики, но не се секирајте, толку е едноставно што нема ни да поверувате!

п.п.с. да, ова се втори барбикју ребра што ги правам, но верувајте дека ништо не е исто.

Речник

Најчитани