Бил и биќе: Ништавило

Дрпнал комплет ставови искажани на една трибина со Теофил Панчиќ и после ги објавил како свои, во колумна. Е, со такви си имаме работа.

Ненад Јовановиќ е фото-робот за оние влекачи на кои не знаеш што да им правиш: ако ги игнорираш, се множат наоколу бидејќи самото нивно опстојување на овие простори ги охрабрува другите такви со сличен потенцијал. Ако пак фатиш да се бавиш со нив, после ем се чувствуваш гадно и некако извалкано, ем нормални луѓе ќе ти кажат „што ќе ти е тоа бе, батали ги“.

Затоа, за овој Ненад Јовановиќ, само со минимална неопходност. Не тој да се срами, нема тоа кај такви, туку можеби да се срамат оние што ни го држат во видно поле, угостувајќи го како колумнист или канејќи го по емисии како политички аналитичар, активист и слични недефинирани прибежишта на свилениот олош.

Пред неколку дена, под наслов „Глупите бојкотираат, умните дебатираат: Дали Хандке заслужи Нобелова и зошто?“ ја пренесовме дебатата со Теофил Панчиќ и Иван Миленковиќ.

А потоа Ненад Јовановиќ напишал „свој“ текст на таа тема, со наслов „Браво (!) за министерот Димитров, браво затоа што му опонира на славниот писател Питер Хандке“. Не дрпнал тој Јовановиќ една поента, две стилски фигури или три примери туку ама баш сè што го изговорија учесниците на трибината: за рамнодушноста кон делото на Ханкде, за претпочитувањето на Кундера пред Ханкде, за егзотичноста на бранењето мали народи… И потоа ги претставил како свои. Онака, најбесрамно. Пошто дрпал од српски, не пишал „Битие“ туку го оставил како што го рекле на трибината „Биќе“. А малку и ги побркувал Кореите па Северна (кај Панчиќ) станала Јужна (кај него)….

Генерално, тажна приказна. Кој не верува, сам нека си слушне (погоре) и прочита (подолу).

Да бидеме докрај коректни, во целиот тој текст кој го потпишува Јовановиќ, сепак има пар редови кои навистина се негови. Последните два-три:

Да скратам (хихи, ТОЈ да скрател – н.з.) Ја поздравувам одлуката нашата земја да не’ присуствува на вечерашната свеченост во Стокхолм по повод Нобеловата награда на писателот Хандке.
Димитров, мајсторе, секоја ти чест!

Токму оние редови кои го додефинираат ова ништавило. 

******

Ако баш ви треба бонус.

 

 

Речник

Најчитани