/  Вести  /  Интернет

Чернобил и инфлуенсерското право на селфи

ХБО имаше крајно успешна и изнафалена мини-серија „Чернобил“ по која популарноста на локацијата на нуклеарната катастрофа доби неверојатен раст што донесе (да речеме) наезда на туристи, а кај ги има нив ги има инстаграмџиите. Сите посетители се водат како туристи бидејќи забранетата зона околу Чернобил уште во 2011 беше отворена за луѓе од надвор, и […]

ХБО имаше крајно успешна и изнафалена мини-серија „Чернобил“ по која популарноста на локацијата на нуклеарната катастрофа доби неверојатен раст што донесе (да речеме) наезда на туристи, а кај ги има нив ги има инстаграмџиите.

Сите посетители се водат како туристи бидејќи забранетата зона околу Чернобил уште во 2011 беше отворена за луѓе од надвор, и никој од посетителите не е таму на диво или против некој закон.

Меѓу туристите редовно има и „инфлуенсери“ што не пропуштаат да евидентираат секој момент од своето постоење. Меѓутоа на луѓе не им е сеедно кога тоа се случува во Чернобил, бидејќи чувствуваат дека тие „искористуваат туѓа катастрофа за да соберат лајкови и за поголем досег“.

Неколку такви ликови кои ги преплавија своите Инстаграм профили со содржини од патувањето во Припјат, завршија со обемни количества хејт и тролање по социјалните мрежи.

Од друга страна Атлантик има цела сторија за тоа дека нема ништо лошо што народ решил да се слика и да споделува фотки од Чернобил. Нивните граници се дека нема оправдание за безобразно и неучтиво однесување (како исмејување нечија смрт или пентарење по историски споменици) од туристи, меѓутоа селфија во Припјат и Чернобил не се така страшни.

Речник

Најчитани

Чернобил и инфлуенсерското право на селфи

ХБО имаше крајно успешна и изнафалена мини-серија „Чернобил“ по која популарноста на локацијата на нуклеарната катастрофа доби неверојатен раст што донесе (да речеме) наезда на туристи, а кај ги има нив ги има инстаграмџиите....