Чоколаден колач

Ви се случило да се разбудите со конкретна желба за некоја храна?! Е па, тоа! Се шуњаме по дома во петокот, кој раскрева, кој игра на телефон, денот си помина и вечерта ми се врти и ми вели: – Леле како ми се јаде онаква некоја торта… – Каква, каква? – Некако, некако…ЧОКОЛАДНА! (ме погледна […]

Ви се случило да се разбудите со конкретна желба за некоја храна?! Е па, тоа!

Се шуњаме по дома во петокот, кој раскрева, кој игра на телефон, денот си помина и вечерта ми се врти и ми вели:

– Леле како ми се јаде онаква некоја торта…

– Каква, каква?

– Некако, некако…ЧОКОЛАДНА! (ме погледна со ококорени очи како да сум вендинг машина и одма ќе ја извадам тортата)

– А, каква чоколадна? Онаква со фил, со крем, со свашта?!

– Не, не, не…онака само црно тесто, ама некако сочно да е. (ги до-ококори очите)

– Леле знам, знам…како чоколаден колач..ммммм..и мене ми се пријаде сега!

– Ајде! Ќе направиш???!

– Добро, значи знаеш дека не можам одма да направам, бидејќи ги немаме сите состојки, како на пример ЧОКОЛАДО ЗА ГОТВЕЊЕ…утре ќе направам.

– Ц, ајде добро. (со натажен глас)

Сабота наутро. Се будам со кркорење на цревата и потреба за чоколаден колач, од претходната вечер што го зборевме и замислувавме. Облеков јакната и по пижами до продавничка да купам намирници. Кујната лом, а колачот, колачот беше врхунски добар, што би рекол Трендо.

Речник

Најчитани