Чоколаден мус

“Се јави ли кај нана ти?“ “Се јави ли кај тетка ти?“ Мислам дека овие две реченици ми се врежани во глава за цел живот и секогаш ми се појавуваат кога ќе дојде 8ми Март. До толку многу се силни, што во текот на денот панично извикувам “Хиии, кој ден е, леле заборавив да се […]

“Се јави ли кај нана ти?“

“Се јави ли кај тетка ти?“

Мислам дека овие две реченици ми се врежани во глава за цел живот и секогаш ми се појавуваат кога ќе дојде 8ми Март. До толку многу се силни, што во текот на денот панично извикувам “Хиии, кој ден е, леле заборавив да се јавам!!“ Благодарение на мајка ми, никогаш не заборавав да се јавам и да честитам.

Постарите генерации си го сакаат овој ден многу. За многумина има различно значење, но јас си знам кое е за моите блиски. Овојпат, наместо регуларниот цвет, решив да подарам малку поинаков цвет. На многумина не им беше јасно што постирам, поточно зошто сликам нане во саксија, но со овој рецепт цела дилема ќе биде разјаснета. 🙂

Речник

Најчитани