/  Off cafe

Девојките што се сингл подолго време завршуваат најсреќно

Ова се девојки што имале прилика да бидат сингл подолги временски периоди и завршуваат најсреќно. И има зошто. Удобно им е во сопствената кожа и во самотијата. Можат да поминат време сами и да не се чувствуваат осамено. Можат да ручаат во ресторан или да одат на шопинг сами, без да се чувствуваат чудно или […]

Ова се девојки што имале прилика да бидат сингл подолги временски периоди и завршуваат најсреќно. И има зошто.

Удобно им е во сопствената кожа и во самотијата. Можат да поминат време сами и да не се чувствуваат осамено. Можат да ручаат во ресторан или да одат на шопинг сами, без да се чувствуваат чудно или неудобно што немаат друштво. Напротив, уживаат да бидат сами.

Имаат време колку сакаат да бидат себични и да се фокусираат на себе и своите цели. Знаат што сакаат и што им е важно, па се движат кон тоа. Си бркаат работа и истовремено се посветени и пасионери.

Љубовта не им е центар на универзумот. Целта во животот според нив нема врска со дечко. Не бркаат дечковци, бркаат соништа и ја бркаат иднината што сакаат да си ја изградат.

Навикнати се да бидат сингл и уживаат во тоа. Идејата дека никогаш нема да се омажат не ги плаши. Уживаат да живеат сами. Тишината не им е заглушувачка туку инспиративна.

А кога ќе сретнат некого и ќе решат да бидат во врска со него, тоа ќе биде некој што ќе ги предизвикува и ќе ги движи напред. Некој што ќе ги поддржува и ќе ги охрабрува да го освојуваат светот. Некој што ќе се гордее и ќе биде среќен со нивниот успех. Некој на кој ќе му се допаѓа што тие не се жртвуваат себе и своите планови за него.

Затоа што овие девојки се силни индивидуи. Никогаш не се губат себеси во процесот на засакување некого. Никогаш нема да си ги омаловажат поуките, надежите или соништата за да му парираат на партнерот.

Овие девојки се на крај најсреќни, затоа што бараат некој што ќе додаде уште повеќе среќа од таа што ја имаат. Некој што ќе направи да се чувствуваат уште посакани и посилни отколку што се. Некој кој е и самиот исполнет и среќен.

А таквата врска е врска вредна за чекање.

Речник

Најчитани

Девојките што се сингл подолго време завршуваат најсреќно

Ова се девојки што имале прилика да бидат сингл подолги временски периоди и завршуваат најсреќно. И има зошто. Удобно им е во сопствената кожа и во самотијата. Можат да поминат време сами и да...