/  На дното

Еве зошто Шведска победи на Евросонг!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Сител. Со години се знае дека Евросонг е едно големо наместено натпреварување, музичка лакрдија во која победата ја носат оние кои во тој момент му одговараат на светот, неговите случувања и визијата на неговите владетели, за што јасно говори и самото име: Евро […]

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Сител.

Со години се знае дека Евросонг е едно големо наместено натпреварување, музичка лакрдија во која победата ја носат оние кои во тој момент му одговараат на светот, неговите случувања и визијата на неговите владетели, за што јасно говори и самото име: Евро Визија ( визијата на Европа).

Така, минатата година беше исклучително важно во екот на борбата на Русија и христијанските земји против геј инвазијата, да победи токму Кончита, трансексуалец кој ни помалку ни повеќе, пееше за Феникс-от и неговото издигање од пепелта, со што на светот му се испрати една многу важна порака – Дојде време злото да се разоткрие, да се подигне од пепелта и да се велича и слави!За жал, само малкумина ја видоа вистината која тогаш јавно им се пласираше преку евровизиската победничка песна на масите!

Ако минатата година имавме најава на воскресението, годинава го имаме и самото воскреснување и тоа пред самиот Духовден, што е наизглед симболично, но само ретките гледаат што тоа навистина се случува на европската сцена на „заедништвото”. Поврзување на злото и тоа многу силно, но не и непобедиво.

Победата на овој Евросонг ја однесе Манс Зелмерлов, момче кое во името на „напредниот запад” се представи со песната „Херои”. Самото име на песната не открива многу за неа, туку само дека се во прашање некои херои. Но, главните стихови во рефренот ја откриваат застрашувачката вистина.

„Ние сме херои на времето! Ние играме со демоните во мислите…” се пее во рефренот на „Херои”, која после само едно слушање длабоко продира во мислите. Пред очите на целото човештво се одигра борбата на демоните и Светиот Дух, кој се симнува меѓу луѓето. Демоните кои ги напаѓаат мислите, како што вели и самата песна, против Светиот Дух кој мислите ги обновува и штити од нивните напади!

Исклучително заразни стихови кои повикуваат на танц со демоните се прелејаа по христијанска Европа, ноќ пред Духови и тоа со цел, човечкиот ум да биде извалкан, да не мисли на Божјото, туку на она демонското! Зошто ако човекот и неговите мисли не доаѓаат од Бога, доаѓаат од ѓаволот. Борбата овде е сосема јасна и што е најстрашно – јавно изречена! Секако, преку победничката песна „Херои”!

Впрочем и самата анимација која ја придружуваше песната јасно ја покажа вистината: од едно, кон се’ повеќе, повеќе и повеќе… „човечиња” кои како роботи со „измиен ум”, слепо го следат секој чекор, секој потег и секое движење на предводникот!

Сте се запрашале ли зошто хероите на времето се токму оние кои танцуваат со демоните во мислите? И зошто токму таа песна ја однесе победата на годинешниот Евросонг?

Вистината е дека сотоната со оваа песна себе си и своите следбеници ги прогласи за херои, но она што е тажна вистина е фактот дека преку песната наведе милиони да го направат истото следејќи го неговиот сотонски поход на душите и тоа непосредно пред самиот празник – слегувањето на Светиот Дух меѓу луѓето!

Речник

Најчитани

Еве зошто Шведска победи на Евросонг!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Сител. Со години се знае дека Евросонг е едно големо наместено натпреварување, музичка лакрдија во која победата ја носат оние кои во...