/  Вести  /  Свет

Холандската влада доби судска наредба да работи против загадувањето

Владата на земјата има експлицитна должност да ги заштити човековите правата на своите граѓаните кои се загрозени од климатските промени, и тоа подразбира многу повеќе од само кратење на издувните гасови.

Целата постапка пред холандските судови ја започна невладината Ургенда фондација. Таа во 2015 го добива случајот, за потоа по жалба од државата и Врховниот суд да ја потврди пресудата.

Специјалниот известувач на О.Н. за човекови права Дејвид Бојд, изјавува дека ова е „најважната судска одлука околу климатските промени во светот до сега, потврдувајќи дека човековите права се загрозени од климатската вонредна состојба и дека богатите нации се правно обврзани да постигнат рапидно и суштинско намалување на загадувањето.“

За да не бидат без осет, од холандската влада и претходно изјавија дека ќе ја почитуваат суштината на одлуката, а жалбата што ја дале се однесувала на „правната основа на одлуката“.

Холандија го изгласа својот прв климатски закон во 2018, а за 2030 има далеку поамбициозен план против загадувањето. Следната година таа ја затвора својата прва електрана на јаглен.

Според холандскиот врховен суд, државите имаат директни обврски по член 2 и 8 од Европската конвенција за човекови права, кои ги опфаќаат правото на живот и правото на прифатен и семеен живот.

Пред некое време повеќе холандски групи за еколошка правда поднесоа тужба против Шел, тврдејќи дека бизнис моделот на компанијата е закана за меѓународните климатски цели и ги загрозува човековите права. Во формален одговор Шел отфрли каква било вина, и се правдаше дека немаат друг избор освен да инвестираат во нафта и дека е „целосно легитимно“ да го прават тоа.

Речник

Најчитани

Холандската влада доби судска наредба да работи против загадувањето

Владата на земјата има експлицитна должност да ги заштити човековите правата на своите граѓаните кои се загрозени од климатските промени, и тоа подразбира многу повеќе од само кратење на издувните гасови.