Хроно мусака

Пола живот бев спортист. Се имам изнавежбано и изнајадено здрава храна за цел живот. Но, во животот после сето тоа, ти се случува зима и сите празници, и сите слави и мрсни јадења, и сите руски салати и кифлици, и седење дома пошто ти е ладно и нарачување пици и остали чуда, и додека се свестиш, […]

Пола живот бев спортист. Се имам изнавежбано и изнајадено здрава храна за цел живот.

Но, во животот после сето тоа, ти се случува зима и сите празници, и сите слави и мрсни јадења, и сите руски салати и кифлици, и седење дома пошто ти е ладно и нарачување пици и остали чуда, и додека се свестиш, веќе не те собираат фармерките!

Е сега, од тука почнуваат оние други непријатности. Сакаш да се дотераш, ама ништо не ти стои. Сакаш да го заведеш партнерот, а се чувствуваш комплетно несекси. Сакаш да го облечеш најомиленото парче облека, а не те собира повеќе. Е тука веќе, застануваш пред огледало и си се обраќаш на себеси: “Па добро бе, зошто?!“, а твојот одраз ти враќа со шамари: “Е па, пошто јадеше ко да не постои утре и многу ти беше убаво, ете затоа!!!“

Сум била на секаков вид на исхрана, но можам да кажам дека оваа хроно исхрана многу ми се допaдна и многу ми одговара. Еве веќе десетина дена терам, па ќе видиме до кога. Затоа денес на мени хроно мусака.

Речник

Најчитани