Кинескиот поход на Европа заглави на грчки комисии

Кинеската државна компанија Коско шипинг последнава деценија го менаџира пристаништето во Пиреј и во договор со грчката влада планираше во претстојниот период да го прошири неговиот капацитет во проект вреден 1,5 милијарди евра. Баснословниот план за проширување, чија крајна цел беше создавање на атинска ривиера, со хотели и слични додатоци, сега е запрен од локалните […]

Кинеската државна компанија Коско шипинг последнава деценија го менаџира пристаништето во Пиреј и во договор со грчката влада планираше во претстојниот период да го прошири неговиот капацитет во проект вреден 1,5 милијарди евра.

Баснословниот план за проширување, чија крајна цел беше создавање на атинска ривиера, со хотели и слични додатоци, сега е запрен од локалните власти по основа дека сигурно има некои археолошки остатоци на просторот каде што треба да се шири пристаништето.

Централниот археолошки совет на Грција минатата недела едногласно ги одби клучните предлози на проектот, наведувајќи потенцијална штета на локалното наследство и археолошката презервација на проектите, како и од еколошки и естетски причини.

Како што пренесува Саут Чајна морнинг пост, „советот во основа ја прогласил пола Атина за археолошки локалитет,“ со што на пристаништето се запира изградбата на новата станица за патници, логистичкиот центар, четирите паркинзи за бродови за крстарења и уште неколку објекти.

Со одлуката и проекти кои веќе беа одобрени по ново ќе треба да бидат поднесени на шалтер во Министерството за култура, Централниот археолошки совет и Централниот совет за модерни споменици, за одново да добијат одобрение.

Како што пишува весникот на кинеските власти полека им станува јасно дека централната стратегија на Новиот пат на свилата со милијарди евра вредни инвестиции да ги надминат локалните табиети и политички превирања, најверојатно нема да може да се користи како магично решение за проблемите на кои ќе наидуваат во спроведување на глобалниот проект.

Пред сите овие совети и комисии, од Коско шипинг се бараа многу малку дозволи за проширување на пристаништето, и Пиреј беше на пат да ја надмине Валенсија како најголемиот терминал за бродски контејнери на Медитеранот.

Речник

Најчитани

Кинескиот поход на Европа заглави на грчки комисии

Кинеската државна компанија Коско шипинг последнава деценија го менаџира пристаништето во Пиреј и во договор со грчката влада планираше во претстојниот период да го прошири неговиот капацитет во проект вреден 1,5 милијарди евра. Баснословниот...