/  Offside  /  Ракомет

Кире Лазаров се искачи на европскиот трон

По триумфот во домашното првенство, купот и Супер купот, ракометарите на Барселона на Фајнлфорот во Келн ја запечатија и европската титула со конечни 28:23 против Веспрем. Каталонците го извадија најдоброто од себе за да го скротат 22 кратниот унгарски шампион. Веспрем на стартот имаше водство од 2:1 и тоа беше единствената нивна предност на мечот. […]

По триумфот во домашното првенство, купот и Супер купот, ракометарите на Барселона на Фајнлфорот во Келн ја запечатија и европската титула со конечни 28:23 против Веспрем.

Каталонците го извадија најдоброто од себе за да го скротат 22 кратниот унгарски шампион. Веспрем на стартот имаше водство од 2:1 и тоа беше единствената нивна предност на мечот.

Шпанскиот првак се наметна со цврста одбрана која тешко ја пробиваа Унгарците особено од крилните позиции кои беа целосно умртвени. Барселона откако го презеде водството на 4:2 постојано ја одржуваше предноста на гол или два.

Во првите 20 минути голманите беа во втор план на натпреварот и имаа по само две одбрани. Каталонскиот тим прв пат на +3 стигна преку Сигурдсон во 21 минута, а најзаслужни што Веспрем беше во игра беа Илиќ и Наѓ.

Во последните 10 минути од првиот дел Шариќ се разбрани, а Карабатиќ реализираше во два напади по ред и му донесе предност на својот тим од 14:10 на паузата.

Барселона ја имаше контролата на играта и во првите 10 минути од второто полувреме кога стигнаа и до 5 голови предност, но потоа направија неколку грешки во додавања и беа 7 минути без постигнат гол, а Унгарцирите влегоа во серија од 3:0.

Тоа беше максимумот на ракометарите на Веспрем, каде најдобриот десен бек во светот Ласло Наѓ не можеше сам да се избори за пресврт. Барселона ја мина мини кризата и во 52 минута преку Карабатиќ стигна до највисоки +6 на мечот, кои ја наговестија европската титула.

Карабатиќ и Сигурдсон беа најдобри стрелци кај победничкиот тим со по шест гола, а Шариќ забележа 12 интервенции. Ласло Наѓ беше најпрецизен на мечот со осум голови.

Кире Лазаров имаше мала минутажа и остана без постигнат погодок, но тој оваа сезона е најдобар стрелец за Барселона во Лигата на шампионите со 106 голови. Подобар од него е само Миомир Илиќ од Веспрем со 114.

Во натпреварот за трето место, Кјелце беше подобар од Кил со 28:26. Пољаците втора година по ред се трета најдобра екипа во Европа. Биелецки со 9 голови беше најдобар поединец на таа средба.

Речник

Најчитани

Кире Лазаров се искачи на европскиот трон

По триумфот во домашното првенство, купот и Супер купот, ракометарите на Барселона на Фајнлфорот во Келн ја запечатија и европската титула со конечни 28:23 против Веспрем. Каталонците го извадија најдоброто од себе за да...