Кокошка под сол

Имам едно прашање. Добро бе, дали само јас сакам волку многу да јадам?! И не само што сакам да јадам, туку и уживам до бескрај додека го правам тоа. Со ммм-кање, со губење од убаво, со “после ова може да умрам“ (оваа изрека најмногу ја кажуваат Шпанците после добар оброк, а јас си ја кажувам […]

Имам едно прашање. Добро бе, дали само јас сакам волку многу да јадам?! И не само што сакам да јадам, туку и уживам до бескрај додека го правам тоа. Со ммм-кање, со губење од убаво, со “после ова може да умрам“ (оваа изрека најмногу ја кажуваат Шпанците после добар оброк, а јас си ја кажувам после секој!) Е, до толку ми е убаво! 

Познавам еден постар господин, кој исто така е голем љубител на храната, што секој ден, секое сабајле трча по 5км само за да може да јаде дента. Мислев дека е малце ван памети, но како што поминува времето, како што течат годините, мене ме втаса неговиот принцип на живот. Немој случајно да помислите дека секој ден трчам по 5км! НЕ! Боже пази! Туку, почнав со видеа кои траат по 25 минути. Мислам дека е доволно за еден ден. Почнав вчера, за денес не сум сигурна, ми се воспалија сите мускули! Но, мислам дека треба да продлжам, зошто ако не продолжам, ќе почнам да се тркалам!

Им завидувам на оние што цел живот имаат иста тежина, а притоа јадат се што ќе им душа посака и НЕ ВЕЖБААТ за да си ја одржат истата!

Речник

Најчитани