/  Вести  /  Интернет

КросФит фати уџум од Фејсбук

Чашата ја има прелеано одлуката на Фејсбук без никакво предупредување и објаснување да ја избрише групата „Banting7DayMealPlan,” друштво кое промовира конзумирање храна што е можно поблиска до нејзината природна форма, без процесирања, подобрајзери и засладувања. Фејсбук подоцна ја врати групата во живот но КросФит веќе се решиле дека е доста со матните игри на платформата, […]

Чашата ја има прелеано одлуката на Фејсбук без никакво предупредување и објаснување да ја избрише групата „Banting7DayMealPlan,” друштво кое промовира конзумирање храна што е можно поблиска до нејзината природна форма, без процесирања, подобрајзери и засладувања.

Фејсбук подоцна ја врати групата во живот но КросФит веќе се решиле дека е доста со матните игри на платформата, и тоа го искажаа во осум, јавно релевантни точки. 

„Фејсбук собира и складира кориснички информации и ги споделува со државните и федерални власти, како и со безбедносни организации од други земји“, гласи првата загриженост.

„Фејсбук соработува со владини безбедносни агенции во програмите за масовното мониторирање на граѓани како што е PRISM,” гласи втората.

„Фејсбук цензурира и отстранува акаунти врз основа на непознати критериуми и по барања од трети страни, вклучувајќи домашни и странски владини агенции“, реди КросФит.

„Фејсбук собира, агрегира и продава информации за корисниците во бизнис цели. Неговиот бизнис модел им дозволува на владите и корпорациите да ги искористат неговите адвертајзинг алгоритми како алатки за надгледување и копање податоци за корисниците“.

Една од ударните причини се однесува на цензурата и политичката пристрасност на платформата.

„Њузфидот на Фејсбук е цензуриран и дизајниран да го поддржува утопискиот социјализам на Фејсбук а истовремено е ранлив за дезинформациите и кампањите кои се креирани за да предизвикуваат предрасуди и насилство“.

КросФит велат дека нивната одлука за напуштање на Фејсбук и Инстаграм е прашање на здрав разум и пристојност, да се напушти оној дел од јавниот простор кој веќе не му служи на доброто на заедницата.

Речник

Најчитани

КросФит фати уџум од Фејсбук

Чашата ја има прелеано одлуката на Фејсбук без никакво предупредување и објаснување да ја избрише групата „Banting7DayMealPlan,” друштво кое промовира конзумирање храна што е можно поблиска до нејзината природна форма, без процесирања, подобрајзери и...