/  Offside  /  Фудбал

Ливерпул се искачи на светскиот трон

По европската титула освоена против Тотенхем и трофејот во Супер Купот против Челси, Црвените предводени од маестралниот Јирген Клоп остварија хет-трик со меѓународни трофеи во оваа календарска година. 

Во Катар, следната земја домаќин на СП 2022, Ливерпул го совлада јужноамериканскиот шампион Фламенго со минимални 1:0, а на Бразилците им пресуди Бразилецот Роберто Фирмино.

Натпреварот беше тежок и неизвесен и за малку победникот ќе се решаваше на пенали. Победничкиот гол за светска титула Фирмино го постигна во првото од двете продолжение или поточно во 99-та минута.

Во 92-ра минута имаше драма пред голот на Фламенго по која судијата при еден старт врз Мане досуди пенал, но со помош на ВАР утврди дека нема прекршок по што се играа продолженија.

[media file=”/files/offside/2019/12/21/videoklopzaludnobesneeshetochnavar-odlukavodoha-nema.mp4″]

По контрата на Ливерпул, Фирмино му ја донесе првата светска титула на Ливерпул, а во 119-та минута Линкол испушти 100% шанса за израмнување.

[media file=”/files/offside/2019/12/21/streamvi-watchvideo.mp4″]

Речник

Најчитани

Ливерпул се искачи на светскиот трон

По европската титула освоена против Тотенхем и трофејот во Супер Купот против Челси, Црвените предводени од маестралниот Јирген Клоп остварија хет-трик со меѓународни трофеи во оваа календарска година.