/  Offside  /  Фудбал

Лукаку се откажа од хет-трик за пеналот да го шутира дете

Има многу лакоми играчи за гол кој по секоја цена сакаат да билдаат бројки, а Ромелу Лукаку вечерва направи гест со кој докажа дека не е воопшто фудбалер од таков ков.

Интер ја декласираше Џенова со 4:0, Пандев го немаше во игра против својот поранешен клуб поради суспензија, а играч број 1 на мечот излезе Лукаку.

Најголемото засилување на Интер сезонава од Манчестер Јунајтед, одлично дроби во својата деби сезона во Серија А, а вечерва постигна два гола, направи асистенција и излезе људина со која ги освои срцата на Интеристите.

Место да шутира пенал и да го оствари првиот хет-трик за Интер, тој избра топката да му ја даде на тинејџерот Себастиано Еспозито. Каков потег.

17 годишниот напаѓач од академијата на Интер го постигна својот деби гол за првиот тим и пресреќен и возбуден истрча да ја прегрне мајка си.

„Не негирам дека не спиев синоќа. Не можев да сонувам поубава вечер. Ромелу е фантастична личност, покрај тоа што е неверојатен играч. Ми рече да шутирам и беше убеден во мене. Бев многу возбуден кога ја видов мајка ми. Голот е за неа“, изјави Еспозито.

Пред два месеци тој дебитираше во Лига на шампиони против Борусија Дортмунд и става прв играч роден 2002-ра кој заиграл во елитата, како и втор најмлад играч во ова натпреварување за Интер после Џузепе Бергоми. Влезе токму на местото на Лукаку.

Три дена подоцна дебитираше и во Серија А, а шанса во игра доби против Парма кога беше заменет со Лаутаро Мартинез.

Двата гола и асистенцијата на Лукаку

[media file=”/files/offside/2019/12/21/streamja-simplevideosharing3.mp4″]

[media file=”/files/offside/2019/12/21/streamja-simplevideosharing4.mp4″]

[media file=”/files/offside/2019/12/21/streamja-simplevideosharing5.mp4″]

Речник

Најчитани