/  Bookbox

На 90-годишна возраст почина Милан Кундера

„Шега“, „Неподносливата леснотија на постоењето“,„Книгата на смеата и заборавот“, „Бесмртност“. Книгите на Кундера се дел од книжевното растење на голем број генерации, кои во нив наоѓаат не само недвосмислена критика на тоталитаризмот, туку и една поширока хуманистичка и филозофска порака. Почнал да пишува на чешки, но подоцна не само што преминал на француски туку инсистирал […]

„Шега“, „Неподносливата леснотија на постоењето“,„Книгата на смеата и заборавот“, „Бесмртност“. Книгите на Кундера се дел од книжевното растење на голем број генерации, кои во нив наоѓаат не само недвосмислена критика на тоталитаризмот, туку и една поширока хуманистичка и филозофска порака. Почнал да пишува на чешки, но подоцна не само што преминал на француски туку инсистирал и на ревизија на претходните преводи на неговите дела на овој јазик. „Никогаш не сонувам за враќање. Си ја земав Прага – мирисите, вкусовите, јазикот, пејзажот, културата со мене“, изјавил тој во едно од ретките интервјуа, кои секогаш ги давал писмено, одбегнувајќи да се експонира.

И покрај големата книжевна слава, никогаш не ја доби Нобеловата. Во 1984 неговата „Неподнослива леснотија..“ се најде на листата на најдобро продавани книги и од него направи ѕвезда. Романот подоцна е адаптиран во одличен филм со Жулиет Бинош и Даниел Деј Луис, но самиот автор не бил задоволен од него, па подоцна веќе никогаш не дозволил екранизирање на негови дела.

Како и за други дисиденти, и за Кундера промената на системот не донесе радост. Во 2008 беше обвинет дека предал член на опозицијата во 1950, кога овој заради кодошењето од писателот завршил во камп. Иако никогаш не се објавени, за ова наводно постоеле докази во форма на пишувани документи на чешката полиција. Неодамна чешкиот премиер Андреј Бабис, како знак на помирување, повторно му понуди државјанство. Кундера немаше коментар на овој гест. А сега му доаѓа и некако предоцна.

Речник

Најчитани

На 90-годишна возраст почина Милан Кундера

„Шега“, „Неподносливата леснотија на постоењето“,„Книгата на смеата и заборавот“, „Бесмртност“. Книгите на Кундера се дел од книжевното растење на голем број генерации, кои во нив наоѓаат не само недвосмислена критика на тоталитаризмот, туку и...