/  Off cafe

Чиста душа

На Холивуд не му остана чиста душа за водење на Оскарите

Никој не е доволно безгрешен.

Значи, за Холивуд така безгрешен и праведен не постои доволно добар водител за Оскари, освен можеби – да се симне Исус и да се фати за микрофон. А гарант и него ќе му речат „Да, ама ти коа рече ‘прости им, не знаат што прават’, сакаше да кажеш дека се глупи и необразовани, што значи, дискриминираш по основ образование кое на тие луѓе им било ускратено, значи хејташ без основа, значи #БанИсусФромДОскарс, Роман Полански гомна да јаде!”

Ете такви се, и да се надеваме дека овие бљувотини ќе останат во претходната деценија, а ова дека е само ехо од последните неколку години инквизиција.

Академијата на Твитер гордо пиша:

Што значи дека треба да се радуваме што всушност тие „само повторуваат една успешна формула”. Лани откако Кевин Харт се откажа, настанот помина без водител, релативно океј, а водител немаше ни во ’89-та на настанот што светот го памти како „катастрофален”.

Дали нè чекаат безлични, увиџајни шеги и екстра внимателност како не би се стопила некоја снегулка, ќе видиме.

Номинациите се во понеделник.

Само Рики за нив.

Речник

Најчитани