Над 9 милиони луѓе играат Кенди краш повеќе од 3 часа на ден

Кенди краш има над 9 милиони корисници кои секој ден минуваат повеќе од 3 часа играјќи ја играта, изјавува еден од првите луѓе на Кинг, авторите на игрицата. Како аргумент пред парламентот дека не постои зависност од игрицата, директорот на Кинг, го наведува тоа дека само 9 милиони играчи ја играат повеќе од 3 часа […]

Кенди краш има над 9 милиони корисници кои секој ден минуваат повеќе од 3 часа играјќи ја играта, изјавува еден од првите луѓе на Кинг, авторите на игрицата.

Како аргумент пред парламентот дека не постои зависност од игрицата, директорот на Кинг, го наведува тоа дека само 9 милиони играчи ја играат повеќе од 3 часа на ден, а едвај нешто повеќе од 430.000 илјади ја играат повеќе од 6 часа на ден. За него ова се занемарливи бројки имајќи предвид дека играта има 270 милиони играчи. Просекот што тој го дава за сите играчи е 38 минути на ден.

На сведочењето пред британскиот парламент, директорот изјавил дека минатата година еден играч во еден ден потрошил речиси 2.300 евра на купување „злато“ во игрицата (златото потоа се користи за плаќање работи во игрицата и за полесно поминување на нивоата). Неговата одбрана на човекот што спискал 2.300 евра на игрица, е дека тој тоа го направил затоа што дента имало попуст, па златото го користел во следните седум месеци.

На прашањето од парламентарците, дали Кинг не чувствува потреба да ги предупреди играчите дека потрошиле многу пари, одговорот бил дека тоа го правеле на времето, но го прекинале бидејќи играчите се побуниле што некој им се меша во нивното трошење пари.

Речник

Најчитани

Над 9 милиони луѓе играат Кенди краш повеќе од 3 часа на ден

Кенди краш има над 9 милиони корисници кои секој ден минуваат повеќе од 3 часа играјќи ја играта, изјавува еден од првите луѓе на Кинг, авторите на игрицата. Како аргумент пред парламентот дека не...