Настинете си ко човек, за да не фатите грип

Ако сте настинати, имате 70% помали шанси истовремено да закачите грип. Ако баш не сакате така, тогаш фатете прво грип, делува истата финта.

Досегашните истражувања главно се занимале со вирусите изолирано. Студија на Универзитетот во Глазгов решила да ги посматра вирусите во нивната интеракција, како да се дел од еден еко-систем. Особено силна се покажала врската меѓу грипот и риновирусот, познат како обична настинка.

Истражувањето е темелено на податоци за 12.645 пациенти кои во период од девет години имале респираторни вируси. Утврдено е дека оние со грип имале 70% помали шанси да имаат риновирус.  Истиот однос важи и за оние со риновирус кои во време на проблемите покажале резистентност на инфлуенца.

Истражувањето утврдило и дека оштиот број на настинки се намалува во периоди кога царува грипот. 

„Како што лавовите и хиените се борат за истата храна и за истите ресурси, така и вирусите се натпреваруваат за ресурсите во нашиот респираторен тракт “ објаснува доктор  Сема Никбакш.

Засеге е нејасно дали конкурентните вируси меѓусебно се требат во битката за нашето тело или пак можеби нашиот имунолошки систем не дозволува да биде победен со 2:0.

Речник

Најчитани