/  Bookbox  /  Bookbox статија

Од каде потекнува англискиот израз „тоа е чајот“?

Изнервирани од поразот во полуфиналето, и дополнително од тоа што потоа Американките го освоија и светскиот куп, победувајќи ги Холанѓанките во финалето на светското првенство во женски фудбал со 2:0, Британците почнаа да развиваат теории за навредливоста на гестот на Алекс Морган (фото горе). Со тоа што имитирала пиење чај, таа во една верзија ја исмевала стереотипната […]

Изнервирани од поразот во полуфиналето, и дополнително од тоа што потоа Американките го освоија и светскиот куп, победувајќи ги Холанѓанките во финалето на светското првенство во женски фудбал со 2:0, Британците почнаа да развиваат теории за навредливоста на гестот на Алекс Морган (фото горе). Со тоа што имитирала пиење чај, таа во една верзија ја исмевала стереотипната слика за Британците, кои наместо да се фатат за работа (во случајов да даваат голови) џабелебарошки си го пијат попладневниот чај. Оние посклони кон теории на заговор, типуваа пак на тн. Бостонска чајанка од 1773, кога група Американци силно се спротивставиле на закон кој овозможувал на британската компанија Ист Индија да продава чај од Кина во американските колонии без да плаќа даноци. И уште куп други.

Но самата фудбалерка имаше многу побанално објаснување – гестот бил „намигнување“ кон Софи Тарнер од „Игра на престоли“, која на својот Инстаграм акаунт често ги завршува видеата во кои пренесува разни гласини со „И тоа е чајот!“, реално пивнувајќи голтка чај.

The YouTube ID of EBcTyyN5V2M width:665 is invalid.

„Дај ми го чајот!“, „Истури го чајот“ и слични изреки од урбаниот англиски сленг всушност означуваат оговарање или пренесување гласини, оние што се најтазе и најсочни. Едно толкување на историјата на фразата е дека потекнува од 18 и раниот 19 век, кога жените на седенки, пиејќи чај и мацајќи во него со оние округлите бисквитчиња, си ги разменувале најпикантните оговарања (како впрочем и нашите женски предци, само без чајот, со изразот „и ти велам, сестро слатка“ и гестот со зачистување на устата).

Но според речникот на англиски Меријам-Вебстер, изразот потекнува од црната американска „дрег“ културата, иако таму „Т“ (ти) нема врска со чај туку со „тинг“. “My T” оттаму би значело „моја работа“, а “that’s the T”, тоа е работата или битното нешто. Особено се популаризира во 2009, кога беше често спомнувано во реалното шоу на РуПол на Ви-ејџ 1.

Но како и често во лингвистиката, она што можеби почнало како T некако се врзало со чајот и влегло во секојдневниот говор, како коментар на социјалните мрежи, а еве сега и како гест на фудбалски натпревар. Кај нас предност би имало кафето („ајде, што е кафето денес?“), ама и чајот не е лош, се додека ја гаси жедта за скандали и нуди таен поглед во туѓите животи.

Речник

Најчитани

Од каде потекнува англискиот израз „тоа е чајот“?

Изнервирани од поразот во полуфиналето, и дополнително од тоа што потоа Американките го освоија и светскиот куп, победувајќи ги Холанѓанките во финалето на светското првенство во женски фудбал со 2:0, Британците почнаа да развиваат теории...