/  Offside  /  Навивачи

Каков тандем: Ајрон Меиден и Вест Хем Јунајтед

„Die With Your Boots On“ е името на уникатната соработка меѓу легендарниот бенд IRON MAIDEN и премиерлигашот од Лондон, Вест Хем Јунајтед. Навивачите на клубот ќе може да набават дресови со името на овој бенд чии следбеници исто имаат симпатии за „чеканите“:

Оваа соработка од која произлегоа нови дресови со натписот на бендот на предната страна од дресот на Вест Хем, е именувана по хитот од 1983 година, истоимената песна напишана од Стив Харис, основач на Меиден и фанатик за „чеканите“.

Интересно Харис (63) со децении го вее знамето со грбот на Вест Хем на своите концерти, а на неговата бас гитара стои клупското лого.

Љубовта на Стив за авангардниот клуб од Лондон се родила во 1965 година:

„Отидов да го гледам Вест Хем против Њукасл кога имав 9 години а другар ми 10. Скокнавме во бус и отидовме на утакмица. Њукасл победи 4:3 и тоа беше тоа. Се заразив!“

Многу следбеници на Ајрон Меиден ширум светот ја делат љубовта на Стив за „Чеканите“, па често се случува на концерти публика да доаѓа облечена во дресови од Вест Хем.

„Кога свирам на бина и кога ќе видам во публика како носат нешто од Вест Хем, се ежам“, вели Стив.

За соработката на бендот со клубот основачот на Меиден вели:

„Мислам дека е сјајно. Многу ја сакам оваа верзија на дрес и бојата на крстот, како и класичниот стар добар дрес. Ова е модерна верзија на ретро дизајн и ми се допаѓа. Да живеат Ајронс!“

Сега овој дрес ќе биде достапен на многу вљубеници во култниот бенд и во фудбалскиот клуб Вест Хем, кој е синоним за авангарда уште од раните ’60-ти години.

За тоа колку Ајрон Меиден е популарен и надвор од Европа, а особено во Јужна Америка говори и десниот бек на Вест Хем, легендарниот Аргентинец Пабло Забалета кој играше и во Сити:

„АЈРОН МЕИДЕН се голема икона во Јужна Америка и многу е добро за навивачите на Вест Хем како и за самиот бенд што отворено покажаа поддршка едни со други“.

Дресот сега може да се набави на maiden.store/whu како и на официјалниот онлајн шоп на Вест Хем. Ограничен број дресови ќе има и во фан шопот на Вест Хем на Лондон стадионот.

YouTube Embed: No video/playlist ID has been supplied

2G5rfPISIwo]

Речник

Најчитани

Каков тандем: Ајрон Меиден и Вест Хем Јунајтед

„Die With Your Boots On“ е името на уникатната соработка меѓу легендарниот бенд IRON MAIDEN и премиерлигашот од Лондон, Вест Хем Јунајтед. Навивачите на клубот ќе може да набават дресови со името на овој...