Пилешки врап

Мултитаскинг! Ви се дивам на вас што сте мултитаск, а бе ви се дивам! Туку, си се дивам и на себе што признавам дека не сум, едноствно НЕ СУМ! Јас не можам две работи одеднаш, а камо ли повеќе. Се сеќавам кога праќав порано сивија во фирми кадешто сакав да се вработам, еј, сивино ми прскаше, […]

Мултитаскинг!

Ви се дивам на вас што сте мултитаск, а бе ви се дивам! Туку, си се дивам и на себе што признавам дека не сум, едноствно НЕ СУМ! Јас не можам две работи одеднаш, а камо ли повеќе. Се сеќавам кога праќав порано сивија во фирми кадешто сакав да се вработам, еј, сивино ми прскаше, на чело со мултитаск или способна да врши повеќе задачи одеднаш. Тешки лаги! А што да правам бе, ја не оти знаев. Башка гледам сите тоа го пишуваа, па си велев, ајде и јас. Демек многу значело тоа. Аааа така значи, битно е а?! Е па, ќе си пишам и јас. Како што поминуваше време сфатив и признав сама на себе “Софке, една по една работа, срце“. И не само тоа, а бе канали на телевизор да мењам, фокусот ми е таму и што и да ме прашаш ќе се свртам збунето да те прашам “Што, не те чув“. Не стига до мене акција од второ значење, не допира. А додека готвам па, фокусот во храната, а ти можеш до утре да ми збориш и јас да не знам дека воопшто нешто е кажано. Имам многу вакви ситуации, многу и ми се налутиле, но подоцна ми простиле бидејќи сфатиле со кого имаат работа. 🙂

Еве на пример последна ситуација што ми се случи беше кога купувам намирници за овој рецепт. Се шуњам кај фрижидерите за зеленчук, бирам авокадо и ми ѕвони телефонот. Значи во моментот разговарам и бирам авокадо. Знам дека испофаќав едно 6-7 авокада и притоа без никаков фокус зошто го правам истото. Па, кога си се вратив дома, фино лепо, авокадото беше ѓон ѓоносан. Камен. Дрво. Ладно оружје. Како и да е, го ставив бидејќи многу ми се јадеше авокадо, а вие, вие кога ќе бирате авокадо, гледајте да биде помеко и горниот дел, оној кај што му стоела дршката да биде темен. И не зборете на телефон. 🙂

Речник

Најчитани